Ако му верувате на Пауло Коељо тогаш идеалниот сексуален однос трае 11 минути, додека кога станува збор за просек, според научниците од земјата во која сите пијат чај (Велика Британија) тоа се само пет минути!
Психологот др. Брендот Зич од британскиот универзитет вели дека сексот без предигра трае помеѓу пет и шест минути. „Во нашето истражување учествуваа 500 парови, кои за време од четири недели го мереа времето на сексуалниот чин. Можеби звучи бизарно, но учесниците навистина користеа штоперици, од пенетрација до ејакулација“, истакнува угледниот британски психолог. Сепак, времето нема никаква врска со квалитетот на односот, па така и Зич истакнува дека нема причина за загриженост, туку дека за време на сексот треба што повеќе да се опуштиме и колку можеме помалку да размислуваме на други работи.