Тврдоглавоста е особина која сите мислат дека ја имаат, но реално, некои знаци се полоши од другите. Ако и вие ѝ верувате на астрологијата, во продолжение дознајте ја карактеристиката на вашиот хороскопски знак.
Овен
Овните се тврдоглави само на почеток и инсистираат само моментално.
Бик
Биковите се олицетворение на тврдоглавоста. Симптомите им се појавуваат уште од мали нозе, а потоа со текот на времето учат како да ги сокриваат.
Близнаци
Близнаците имаат свое мислење и став, но не си ја трошат енергијата на тоа да ги уверат другите во нешто.
Рак
Ракот има цврсти ставови и уверувања, но не влегува често во расправии. Не се откажува од своето мислење, но нема да ве убедува во нешто.
Лав
Лавот е тврдоглав како дете и секогаш настојува да ви покаже дека вие не сте во право.
Девица
Девицата знае дека е во право, но се откажува. Не се тврдоглави и често попуштаат да победат другите во кавгите.
Вага
На Вагата ѝ е важен компромисот. Ретки се работите кои може да ги изнервираат и да ги испровоцираат.
Скорпија
Скорпиите не се тврдоглави, но си ставаат таква маска со цел да ги испровоцираат другите.
Стрелец
Стрелците се променливи. Понекогаш се најтврдоглави луѓе на светот, а понекогаш и не се грижат за ништо.
Јарец
Јарците секогаш се најпаметни, а за да ги докажат своите аргументи, може да зборуваат со часови.
Водолија
Водолиите е тешко да ги надмудрите. Тие нема да ве убедуваат во нешто, туку едноставно ќе си заминат со своето непроменето мислење.
Риби
Ако се дискутира за општи работи, Рибите нема да бидат претерано тврдоглави. Не им е важно другите да мислат дека се во право, туку да постојат личности кои го почитуваат нивното мислење.