CelebrityНовости

Колку плати Пријовиќ за породување со највисок комфор – луксуз за приватно задоволство

Пејачката вторпат стана мајка и за раѓањето на својата ќерка избра приватна болница со врвни услови, каде комфорот и приватноста чинат, за многумина, „цело богатство“.

Advertisement

Пејачката Александра Пријовиќ по вторпат се реализираше во најубавата улога – стана мајка на ќерка која гордите родители ја нарекоа Ариа. За овој важен момент, Пријовиќ се одлучи за породување во новоотворена приватна клиника во едно елитно белградско маало, каде за целосната услуга издвојила околу околу 3 500 евра. Секако, во однос на тоа колку заработува Прија, оваа сума е ситница.

Цената вклучувала најсовремена медицинска нега, потполна приватност, раскошен апартман со хотелски стандард, најдобар анестезиолог и тим од лекари специјализирани за најсложени породувања.

Advertisement
фото инстаграм/Александра Пријовиќ

„На Александра ѝ беше апсолутен приоритет комфорот, приватноста и експертската грижа. Сакавме породувањето да помине мирно, без притисок од јавноста и во најдобри можни услови. Долго размислувавме и заедно донесовме одлука, оваа болница е вистински избор,“ открива извор близок до семејството за српски „Информер“.

Породувањето поминало совршено, а и мајката и бебето се чувствуваат одлично. Пријовиќ, која важи за една од најпопуларните пејачки во регионот, јавно истакнува дека најважно ѝ е семејството, а токму затоа и вложува толку во мир и безбедност при најважните животни моменти.

За својата ќерка, Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го избраа името Ариа, име со повеќекратно значење и силна симболика. Во персискиот јазик и во Индија значи „племенито“, „часно“ или „чисто“, додека во Европа се преведува како „зрак“ или „воздух“.

Advertisement

Со овој избор, родителите покажаа дека сакаат нивната ќерка да носи име што е универзално препознатливо, но и поврзано со духовност и убавина. Дополнително, името е внимателно усогласено со името на нивниот син, Александар, бидејќи и двете имиња започнуваат со буквата „А“.

Луксузните породувања – нов тренд во Србија

Пријовиќ не е единствената јавна личност која избира вакви услови. Во последните години, во Србија расте трендот на „луксузни породувања“ во приватни клиники, каде идните мајки добиваат не само медицинска грижа, туку и услови што потсетуваат на престој во ексклузивен хотел.

За многумина сумата од стотици илјади динари е недостижна, но за најголемите музички ѕвезди тоа претставува инвестиција во безбедноста и спокојот на најважниот ден – денот кога на свет доаѓа нивното дете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button