Хороскоп

Колку пати верниците треба да се причестат за време на постот? Ова е важно правило што многумина не го знаат

Велигденскиот пост се смета за најстрог и најтежок, но за верниците, олеснувањето доаѓа со светата причест.

Advertisement

Во тек е петтата недела од Велигденскиот пост, а многумина кои првпат се одлучиле да постат со радост го очекуваат Велигден, кога ќе се исповедаат и причестат. Сепак, не сите знаат дека не мора да чекаат до најголемиот христијански празник за да ја примат Светата тајна на причеста.

Всушност, за причест не е задолжително да се пости целиот пост, иако тоа се препорачува од повеќе причини.

Advertisement

Колку често може да се причестуваат верниците?

Во четвртата недела од постот, верниците првпат имаат можност да се причестат не само во сабота и недела, туку и во среда и петок, под услов да постат и да се исповедаат пред литургијата. Многумина не знаат дека причеста не е резервирана само за свечената Велигденска литургија, туку е достапна повеќе пати неделно.

принтскрин јутјуб

Во петтата недела, причеста е можно да се прими и во четврток, меѓу големите бденија. Во последната недела од постот, наречена Страсна седмица, литургии се служат во понеделник, вторник и среда.

Така наречената „Литургија на претходно осветените дарови“ означува дека чесните дарови – лебот и виното, односно телото и крвта Христови, биле осветени на претходната неделна литургија. Тие се чуваат за да бидат користени за причест во среда и во петок, како повик до верниците почесто да се причестуваат во деновите на покајание, а не само за време на викендите.

Advertisement

Дали има ограничување за причеста во постот?

Многумина не знаат колку пати е дозволено да се причестуваат за време на големите пости.

принтскрин јутјуб

Свештениците потсетуваат дека верниците кои постат целиот пост – било да е Велигденскиот, Божиќниот, Петровденскиот пост – можат да се причестуваат секогаш кога присуствуваат на литургија. Единствениот услов е барем еднаш во текот на постот да се исповедаат и да не го повторуваат гревот што го исповедале.

Ако некој пости само една недела, може да се причести на литургијата на која присуствува, но со задолжителна исповед за да добие благослов.

принтскрин јутјуб

Колку почесто верникот се причестува за време на постот, толку подлабоко ја зацврстува својата духовна врска со Исус Христос, симболично внесувајќи го неговото тело и крв. Затоа свештениците ги советуваат оние што постат целиот пост да не пропуштат ниту една литургија и причест, бидејќи преку примањето на „лебот на животот“, тие ја добиваат Божјата благодат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button