Диета со вода
Ова е драстичен, но многу ефективен начин за губење на тежина во краток временски период. Се пие вода цел ден и тоа е тоа. Ништо друго. Многу луѓе тврдат дека забележуваат значајна загуба на килограми по само еден ден на вода. Ваквата диета со вода односно пост на вода нема да претставува проблем по здравјето, а не се препорачува доколку имате здравствени проблеми како слаб имунитет, доите или вршите тешка физичка работа.
Диета со сокови од зеленчук
Диетата со сокови од зеленчук е многу ефикасна и полесна од диетата со вода бидејќи сепак се внесуваат калории. За најдобар ефект правете сокови од зелен зеленчук и мешајте ги со вода, пола сок, пола вода. Овошјето не се препорачува бидејќи содржи шеќери кои нема да ви помогнат брзо да ослабите, а го стимулираат апетитот. Во текот на денот пијте многу вода која ќе ви помогне, а секогаш кога ќе ви се пријаде пијте природен сок од зеленчук растворен со вода, најдобро за појадок, ручек и вечера.
Премини на следната страна >>