Пред да почнете со одредена диета и да влезете во филмот „губење килограми“ треба да си го поставите прашањето – колку килограми треба да имам?
Што ако вие веќе имате соодветна тежина, а вашиот проблем не е во килограмите, туку во нивниот распоредот, како и во составот на тие килограми.
Но, да почнеме по ред…
На бројките не треба слепо да им веруваме
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/zdravje/11719-kolku-kilogrami-treba-da-imam?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Сите одвреме-навреме ќе застанеме на вага и кон бројката која што ќе ја видиме се ондесуваме како од неа да ни зависи животот. Таа за некои е преголема, додека за некои пак премала. НО, таа всушност не кажува ништо за нашиот изглед и дали сме здрави или имаме вишок на килограми!
BMI не е репер!
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/zdravje/11719-kolku-kilogrami-treba-da-imam?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Како прво, вашите килограми се збир на масното и мускулното ткиво. Некој може да има преголем број на килограми, а тие килограми всушност да се мускули кои се потешки од салото. Затоа старата мерка за идеална телесна маса „body mass index“ (BMI) всушност не е добра мерка за совршена тежина.
Не е само диетата важна, туку и вежбањето
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/zdravje/11719-kolku-kilogrami-treba-da-imam?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
ОД друга страна пак, бројката од вагата не кажува ништо за нашиот изглед. Кој е нашиот облик на телото? Како се распоредени нашите килограми? Сите сакаме да имаме тесни колкови, мал заник, а големи гради (ова е за девојките, додека за претставниците на посилниот пол, горе-доле, се се сведува на рамен стомак) Но, повеќето од нас не се градени на тој начин.
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/zdravje/11719-kolku-kilogrami-treba-da-imam?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Па така, доколку имате широки колкови и немате премногу масно ткиво, тогаш диета нема да ви помогне за да скокнете во тесни фармерки. Истото се однесува и за задникот, – некои жени едноставно имаат поголем задник од останатите и тука диетите не помагаат. Но затоа помага нешто друго, а тоа е вежбањето! Со комбинации на тегови и вежби вие можете некои делови да ги преобликувате – да го поправите обликот на задникот, да направете рамен стомак, да го преобликувате вашето торзо.
Прво информирајте се, а потоа започнете со планот за слабеење
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/zdravje/11719-kolku-kilogrami-treba-da-imam?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Затоа ве советуваме пред да се осудите на грицкање краставици и моркови, проверете каде се наоѓаат вашите килограми и од што се составени. Со гладување можете да ослабете само во оние делови кои и онака ви се слаби, телесната маса ќе падне на сметка на мускулната маса, но доколку покрај корекција на исхраната започнете и со вежбање, само тогаш вие ќе можете да го поправите вашиот целосен изглед, и вагата повеќе нема да има толку голема улога во вашите животи.
извор: http://dijetezamrsavljenje.info