Реклама
Нега и здравје

Дознајте колку калории трошите со вашите активности

Реклама

Многумина од нас ставија по некое кило за време на празниците и сега почнуваат полека да се обидуваат да се вратат во нормала. Но, дали знаете кои вежби ќе ви помогнат најбрзо да се ослободите од вишокот килограми?

Маркетинг

Овде ви приложуваме листа колку калории можете да согорите со различни вежби, вклучувајќи и пешачење и јога, за еден час за женско лице кое тежи околу 63 килограми.

Трчање

Трчањето е евтин и ефективен начин да се вратите во форма. Ако трчате со брзина од околу 12 км/час, можете да согорите неверојатни 833 калории.

Маркетинг

Пешачење

Ако повеќе сте наклонети кон поумерени вежби, пешачењето може да се покаже како многу корисно. Ако се движите со умерена брзина од околу 5 км/час ќе согорите околу 220 калории.

Возење велосипед

Возењето велосипед е одличен начин да излезете на свеж воздух, да ги затегнете мускулите, а исто така е одлично и за семејно дружење. Со умерена брзина од 19-22 км/час ќе изгорите околу 533 калории.

Пливање

Пливањето е спорт со кој се раздвижува целото тело и може да даде драматични резултати. Ако пливате краул со релативно слаба брзина од околу 2,5 км/ час ќе согорите околу 533 калории.

Зумба

Комбинацијата на едноставни танцувачки движења и хипнотичка латино музика, зумбата станува се попопуларна. Претставува вежба за целото тело со која може да се согорат околу 500 калории за еден час.

Јога

Иако е значително послаба по својата ефективност во согорувањето калории– само 175 калории на час за хата јога – јогата е вежба за умот, телото и душата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button