Реклама
Наши ѕвезди

Колку и да звучи болно, мора да се соочиме – Цеца сподели тажна вест, ова е голем шок за нејзините фанови

Пејачката се огласи и ја откри вистината зошто нема да се одржи нејзиниот концерт закажан за ова лето

Реклама

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ги растажи фановите со веста што ја објави на својот профил на социјалните мрежи.

Како што соопшти таа, заради големи проблеми во организацијата, таа не можела да закаже термин што го сакала.

И како што самата вели, воопшто не и е лесно што во својот град и тоа на Ушче, местото кое досега било сведок на многу нејзини незаборавни моменти со публиката, не можела да закаже термин на бараниот датум. Таа со својот тим поднела барање да одржи концерт на 28 јуни 2025 година, но по неколку месеци, односно на 17 јануари оваа година добиле одговор дека тој термин е зафатен. Тие потоа добиле совет да се обратат до една приватна фирма, но за жал не успеале да постигнат договор, така што Цеца жали што не успеале да добијат термин за одржување на концерт на место со кое е толку поврзана.

Маркетинг

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца го откри новиот датум за концертот

„Не е лесно да се прифати дека во сојот град, на местото кое беше сведок на наши незаборавни моменти, не можам да одржам концерт за вас – мојата верна публика. И колку и да звучи ова болно, мораме да се соочиме со тој факт и да правиме нови планови. Во тој дух, денес поднесов барање за термин 27. јуни 2026 година, бидејќи не сакам ваква ситуација да се повтори“.

Маркетинг

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Ветувам дека ќе се борам за свој концерт, за место кое го заслужуваме и за сите вас што со години ме следите. Ви се заблагодарувам на разбирањето, љубовта и поддршката што ми ја пружате. Сакам да верувам дека повторно ќе се собереме и дека ова долг чекање ќе се исплати“, соопшти Цеца.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Потсетуваме, Цеца оваа година планираше да го одржи својот трет по ред концерт на Ушче, откако тоа го направи во 2006 и 2013.

Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

За нејзиниот концерт во 2013 пишуваа и светските медиуми, а според официјални податоци на Википедија, станува збор за еден од најпосетуваните концерти на самостојни уметници, исклучувајќи ги фестивалите. Покрај Цеца на оваа листа од овие простори се наоѓа и југословенскиот рок состав „Бјело дугме“, а од странските Пол Макартни, Тина Тарнер, Френк Синатра, Брус Спрингстин, како и италијанскиот пејач Васко Роси кој се наоѓа на првото место.

Бонус галерија

Принтскрин

Мики Секуловски на концертот на Цеца

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Инстаграм/ Мики Секуловски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button