МАЛ ВОДИЧ ЗА ПОЧЕТНИЧКИ: Знаете ли кога депилацијата со восок ќе ве боли најмалку?
Колку често да се депилирате?
Ако неодамна сте се избричиле, почекајте пет дена. Зависно од тоа колку брзо ви растат влакната, треба да почекате најмалку три до четири недели меѓу дведепилирања со восок.
Како се одвива процесот?
Козметичарката прво ќе ви ја исчисти и дезинфицира областа. Потоа ќе нанесе восок и ќе ги отстрани влакната на помали делови. Постојат два вида на восок. Мекиот се отстранува со хартиени ленти, додека тврдиот се отстранува без нив. Во принцип, тврдиот восок служи за отстранување на влакненцата од бикини зоната, под пазувите или лицето. Мекиот е за поголеми површини, како што се нозетете или подлактиците. По депилацијата, се отстранува сиот вишок на восокот од вашето тело и нежно се нанесува крема.
По депилацијата
Иако болката престанува штом депилирањето е завшено, одредената област може да остане осетлива, па затоа не треба да користите пилинг 48 часа после тоа и да не се изложувате на директна сончева светлина 24 часа. При појава на црвенило или отеченост, ставете смирувачки агенс како алое вера.
Премини на следната страна >>