МАЛ ВОДИЧ ЗА ПОЧЕТНИЧКИ: Знаете ли кога депилацијата со восок ќе ве боли најмалку?
Депилирањето со восок последниве години стана вообичаена практика, се отстрануваат влакната од целото тело. Ако сте почетник во оваа област, еве неколку работи што треба да ги знаете.
Зошто восок?
Ова е одлична алтернатива за бричење на влакненцата. Депилирањето со восок е наменето за сите возрасти, иако се препорачува да се започне со третманот на рана возраст, кога влакненцата се помеки и помалку болно за отстранување.
Восок или бричење?
Депилирањето со восок е подобро, бидејќи ги отстранува влакната од корен. Кога се бричите, го отсекувате само видливиот дел од влакното, па по неколку часа може да видитекако повторно почнува да расте. Депилирањето со восок затоа е и подолготрајно, а по некое време влакната дури и се разредуваат.
Подготовка за депилација
Ако мислите дека депилацијата ќе ве боли многу, еден час пред да го започнете третманот испијте апче против болки. Исто така, еден ден пред пред тоа не нанесувајте лосион или крема на телото. Ако правите депилација под пазувите, ставете дезодоранс без антипреспиранти бидејќи влакненцата полесно ќе се отстранат.
Премини на следната страна >>