Концептуалната количка на LC, на јапонскиот производител Suzuki, е најмалото coupe на светот, со ретровизори на хаубата. Дури изгледа предобро за да би било вистинито….
Малиот LC е најубавиот мини автомобил кој некогаш сме го виделе. Овој ретро двосед изгледа како нешто што отсекогаш сме го посакувале – количка со место за нас и пригодна пријателка, со stylish карирани седишта и изглед како од шеесетите. LC прв пат беше претставен како концепт во 2005 г. и до денес се прaви само по посебна индивидуална нарачка. Има трицилиндерско моторче со зафатнина од 660 кубици и ние лично се надеваме дека оваа година конечно ќе влезе и во редовно, сериско производство.
Со оглед на ’летечката‘ конкуренција во сегментот на малите автомобили, молитвите можеби и ќе ни бидат слушнати. Секако, ги очекуваме сите прикажани детали: од волан со два концентрични обрача, до гуми со бели рабови. И опција за ’алуфелги‘, бидејќи сепак сме во 21-ви век.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.