Реклама
Престиж

Коли за опасни момци – aka – Gangsta Style

Реклама

На секој гангстер имиџот му е важна работа, а во тоа голема улога игра и неговиот автомобил, кој мора да биде харизматичен, впечатлив, продорен, силен, брз, комфорен, но и практичен…И пред сé, цо него во голем стил мора да се побегне од секоја полициска потера. Што бираат денешните лоши момци?

Маркетинг

Гангстери, криминалци, бандити, ограбувачи, мафијаши, накратко – лоши момци – се посебна сорта на луѓе кои, а со оглед на работата со која се бават, бараат и посебни автомобили. Па, како изгледа листата на барања кога се прави шопинг на класична гангстерска кола?

alt

Маркетинг

Во прв ред, gangsta car никако не смее да биде мала. Замислете само двајца намршетни грдосии од над 100 кила, како се буткаат со рамената во некаков си автомобил од средна класа! Во најмала рака би изгледале смешно, а секој барем малку сериозен мафијаш мора и тоа како да внимаваат на својот изглед и имиџ. Освен тоа, гангстерскиот животен стил секогаш подразбирал ’шминкерај‘, а на вистинскиот гангстер, ’набавката‘ на скап и луксузен автомобил не би требало да му претставува проблем. На крајот на краиштата, мафијашката работа сепак спаѓа во елитните професии, кои што подразбираат и располагање со автомобил од висока класа. Освен тоа, таквите автомобили ни полицаец не се осудува да ги запре без дебела причина.

Најчест е изборот на луксузна лимузина, по можност со голем гепек, доволно голем за да во него може да се сместат секакви ствари, зависно од ’работните компликации‘. Лимузината е некако ствар на традиција…

alt

Освен тоа, на секој мафијаш му е важен комодитетот и луксузот – обидете се вие да поминете цела ноќ во возило чекајќи некого во заседа, па ќе ви биде јасно за што збориме. Ишијас, реума, болки во грбот и слични тегоби – ги мачат сите кои што поголемиот дел од својот работен век го поминуваат седејќи, па по тоа прашање ни мафијашите не се исклучок.

Иако класична, со голем простор лимузина и понатаму доминира во мафијашкиот возен парк, тука и таму ќе се најде и понекој припадник на SUV класата (џип, по нашки…), што само покажува дека и мафијашите не се имуни на модерните трендови, но и дека се доволно паметни да ги препознаат предностите кои тие ги нудат. Затоа што модерниот SUV со своите карактеристики во целост одговараат на нивната професија – доволно се комфорни за многубројни часови поминати на седиштето, доволно големи за превоз на луѓе и роба и доволно брзи доколку е потребно бегање од раката на законот…Освен тоа, без проблем можат да навлезат до зафрлените делови од шумата, како би се решиле од вишокот на теретот или пак да ги завршат потребните трансакции, далеку од несаканите погледи!

Што се однесува до бојата, работата е многу јасна – црната е мафијашка боја. Секако, во историјата имало гангстери кои повеќе се држеле до стилот од други, па така имало и бели и црвени возила, но за валкани работи најблагодарна е црната боја. Покрај тоа, истовремено е неупадлива и самопритаена: од црната боја никогаш не знаете што можете да очекувате. Од истите причини, мафијашките автомобили имаат затемнети стакла. Со тоа праќаат порака: пази се, ние те гледаме, но ти нас не сакаш да не видиш, capishi? 

CHRYSLER 300 C
За класични мафијашки работи

alt

Голема, луксузна лимузина, обликувана во прав гангстерски стил – многу престижна, но истовремено и доволно дрска и со опасен изглед – Chrysler 300 C е вистински избор за модерниот мафијаш. Покрај пространата и луксузна внатрешност, исто така дизајнирана во гангстерски стил, на располагање се и силни мотори: од 3,5 литри V6, со 250 КС до 5,7 литри HEMI со 340 КС. Сосема доволно за бегство после добро завршената акција!

CHEVROLET TRAILBLAZER
Најдобар автомобил за грабеж

alt

Доколку имате намера да дрпнете неколку вреќи со кеш, злато или можеби дури и цел сеф, ќе ви биде потребен автомобил во кој сето тоа можете да го сместите со пленот и уште да ú побегнете на полицијата или пак да поминете незабележани. Совршен избор за сево ова е Chevrolet Trailblazer. Со простор во гепекот на два просечни автомобили и пола тон носивост, ќе ги задоволи и најлакомите крадци, а згора на сé е и брз. Благодарение на 4,2 литарскиот V6 мотор со 273 КС, спринтира како спортска кола.

JAGUAR XKR
Најдобар getaway car

alt

Верзијата R на спортскиот модел на Jaguar XK8, со 4,2 литарски и компресорски V8 мотор, со сила од скоро 400 коња, ова е идеален автомобил за бегство, затоа што поради сите перформанси кои што ги поседува е недофатлив за полицијата. Освен тоа, тоа е статусна кола за врвен комфор. Jaguar е некако традиционален избор на оние кои мора да ги ’снема‘ набрзина, а притоа не сакаат да се откажат од стилот и луксузот.

Излезе новиот Шопинг Магазин со Whitney Houston на насловната страна.
Читајте + слушајте ја I Will Always Love You преку нашиот FACEBOOK профил
»

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button