Најубавите капути од најдобриот комерцијален бренд во Македонија!
И покрај тоа што календарски зимата се уште не е стигната, доволно е само да се прошетате до продавница и веднаш ќе ви стане јасно дека времето не се шегува. Да, ниските температури стигнаа, а со нив и потребата за модни парчиња кои покрај тоа што се функционални (односно топли), истовремено треба да бидат и шик (односно кул). А зарем овие две работи не се постигнуваат најлесно токму со еден добар, топол и тренди капут?
Макси капути до земја – главен тренд за оваа есен и зима >>
Што се однесува до моделите оваа сезона популарни се машките кроеви, потоа моделите со дворедно закопчување, карираните дезени и популарните животински шари (види тука), како и неодоливите макси капути со должина до земја. Од боите популарни се сива, црвена и морнарско сина, како и вечниот класик – црната боја! Па доколку сте во потрага по нов тренди модел, проверете најпрво во продавниците на Зара – единственото место каде сигурно ќе најдете сé од ова, а најдобрите модели погледнете ги во галеријата што следува.
види повеќе » |