Рецепти

Германски колач со кајсии

Advertisement

Свежите кајсии почнаа да се појавуваат на тезгите на пазарите и на полиците во продавниците, па време е да ги вклучиме во нашето мени.

Advertisement

За почеток, ви предлагаме да направите еден интересен колач со кајсии со кој пријатно ќе ги изненадите домашните или вашите гости. Рецептот го најдовме на блогот My best german recipes и решивме да го пробаме за промена. Да видиме како Германците ги користат кајсиите!

Потребни состојки:
·    100 гр. кајсии
·    250 гр. путер на собна температура
·    250 гр. шеќер
·    1 ванилин шеќер
·    Малку сол
·    5 јајца
·    Малку рум
·    500 гр. брашно
·    1 прашок за пециво
·    3 лажици млеко

За глазурата:
·    3 жолчки
·    60 гр. шеќер
·    Еден пудинг од ванила
·    Шолја кисела павлака
·    200 гр. лешници исечкани или погрубо измелени
·    Малку рум

Advertisement

Најпрво измијте ги касиите, исчистете ги од семките и исечете ги на кришки.

Измешајте го путерот со шеќерот, ванилиниот шеќер и солта и матете со миксер додека смесата не се запени. Потоа во смесата постепено додавајте ги јајцата едно по едно постојано мешајќи, па додајте и неколку капки рум.

Во посебен соодветен сад измешајте го брашното и прашокот за пециво па додадете го во смесата со путер и јајца и убаво измешајте да добиете рамномерно тесто. Тестото треба да биде малку течно, па ако ви излезе премногу густо, слободно додадете во него неколку лажици млеко.

Земете една правоаголна тава, намачкајте ја со малку масло, посипете малку брашно и протресете го за да не ви се залепи тестото. Потоа сипете го тестото и израмнете го, па врз него наредете ги кајсиите. Преку кајсиите сипете ја глазурата која претходно сте ја направиле на тој начин што убаво сте ги измешале сите наведени состојки.

Вака подготвениот колач се пече околу 45 минути во претходно загреана рерна на 175 C.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button