Рецепти

Дали некогаш сте пробале колач од крем сирење и боровинки?

Advertisement

Десерт кој потполно ќе ве освежи. Па пријатен апетит!

Advertisement

ПОДЛОГА

200 грама интегрални бисквити, 125 грама путер, 50 грама шеќер

КРЕМ

Advertisement

5 јајца, 100 грама шеќер 200 грама боровинки, 400 грама маскарпоне сирење

ПОДГОТОВKА

Измелете ги интегралните бисквити, па измешајте ги со претходно измешан путер и шеќер. Кога смесата ќе стане компактна, обложете го со неа садот за печење (со димензии 23 сантиметри). Потоа изматете ги белките со миксер во цврста пена и сомелете ги боровинките во блендер, па изматете ги и жолчките со маскарпоне сирењето. Измешајте го шлагот, боровинките и смесата од сирењето и сето заедно ставете во садот за печење, кој претходно го обложивте со смесата од бисквити.

Колачот печете го во загреана рерна 30 минути, на температура од 140 степени. Доколку сакате можете да изматете павлака со ванила шеќер и неколку капки арома ванилија, па време на послужување прелијте го секое парче од колачот.

Маскарпоне (итал. mascarpone) е вид на италијанско сирење. Благо и кремасто, маскарпоне се прави од шлаг. Карактеристично е за некои зони во Ломбардија (особено за градовите Лоди и Абјатеграсо), југозападно од Милано.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button