Реклама
Нега и здравје

Кокосово масло – ваш пријател во текот на сончањето

Реклама

Повеќето луѓе користат кокосово масло за нега на косата или пак за готвење.

Повеќето луѓе користат кокосово масло за нега на косата или пак за готвење. Но, тоа можете да го користите и во текот на сончањето, избегнувајќи го штетното влијание на УВ зраците.

Маркетинг

1. Кокосовото масло не содржи штетни хемикалии

Многу кремови за сончање често содржат бројки хемикалии, како парабен и слично. Иако тие имаат СПФ за заштита на кожата од штетните УВ зраци, сепак, токму поради тие хемикалии вашата кожа може лошо да реагира на кремот за сончање. Личностите кои имаат чувствителна кожа треба да внимаваат на состојките при купување лосион за сончање. Кокосовото масло не содржи никакви штетни состојки или хемикалии кои можат негативно да влијаат на вашата кожа.

Маркетинг

2. Кокосовото масло ја храни кожата

За разлика од типичните кремови за сончање, кокосовото масло ја одржува вашата кожа влажна во текот на сончањето, дури и неколку саати по нанесувањето. Ова масло го спречува сушењето на кожата, што е често кај луѓето кои поминуваат повеќе саати на плажа. Со ова масло ќе добиете прекрасен изглед, а за возврат на тоа нема да пати вашата кожа.

3. Кокосовото масло ве заштитува од инфекции

Кога ќе поминете повеќе саати лежејќи на плажа, вашата кожа е изложена на различни бактерии и микроорганизми, а повеќето се добиваат без воопшто да бидете свесни за тоа. Кокосовото масло има антимикробни и антифунгални својства кои помагаат во заштитата на кожата.

4. Кокосовото масло ви нуди сјаен изглед

Постојаната изложеност на јако сонце може да ја направи вашата кожа сува и со брчки. Примената на кокосово масло може да ви помогне да ја сочувате вашата кожа да остане сјајна, дури и по повеќе часа поминати на сонце. Исто така ова масло ја прави кожата потемна и посјајна.

5. Помага при брзо потемнување

Кокосовото масло се апсорбира брзо, па доколку сакате убав и темен тен, со користењето на ова масло не треба да поминувате повеќе време на сонце за да го постигнете тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button