Коки Јанков за денот кога изгубил сѐ – останав на улица со куфер и црни вреќи, од врвот го видов дното (видео)

Во најновото издание на „На кафе муабети“, ексклузивно за Гламур искрено и емотивно си ја отвори душата Никола Јанков – Коки, музичарот познат како половина од легендарното дуо „Дуле и Коки“. Наместо вообичаениот лесен разговор, Коки овојпат сподели искрена и тешка животна исповед за периодот што, како што вели, целосно го променил.
Тој откри дека за кратко време се соочил со низа големи загуби, најпрво смртта на Дуле, неговиот долгогодишен партнер и најблизок соработник. Потоа ги загубил својот професор и татко, две клучни фигури во неговиот развој и живот. Во тој турболентен период следувал и развод, по што, како што добро се сеќава, останал на улица, опкружен со црни вреќи и куфери.
-Кога во животот се најдов во ситуација да го немам мојот Дуле, потоа мојот професор и мојот татко, па следуваше развод, седев на улица со црни вреќи и куфери. Но тогаш, во мојот круг на опкружување, ми кажаа многу добри совети, не што да правам, туку на кого да се потпрам. Животот ми се сруши за миг, но тогаш разбрав дека иако човек може да јаде со златни лажици, секогаш треба да знае што јаде, сподели Коки.
Јанков истакна дека токму луѓето кои останале покрај него го научиле на најважната лекција, дека животната вредност не се мери во успеси, туку во човечност, поддршка и вистински односи. По бурниот период, Коки денес гледа на животот со повеќе мир, благодарност и јасно чувство каде вреди да се стои и на кого да се верува.
Исповедта остави силен впечаток кај гледачите, покажувајќи дека зад сценската насмевка стои човек кој поминал низ сериозни битки, но успеал повторно да се исправи.
Целото интервју со Коки може да го проследитее на овој линк.



