Коки Јанков гостин во емисијата „КАФЕ МУАБЕТИ“ – НЕ пропуштајте вечерва, само на Гламур (видео)
Вечерва, од 22.00, гледајте „Кафе муабети“ на Гламур ТВ

Емотивно и искрено со Коки
Погледнете ја новата епизода од емисијата „Кафе муабети“ која ќе се емитува вечерва во 22.00 часот на јутуб каналот на Гламур.
Овој пат гостин во емисијата ќе биде Коки Јанков, најдобриот другар и музички партнер на прерано починатиот Дуле Љубисављевиќ. Коки во емисијата зборува за почетоците на „Дуле и Коки“, за нивното детство, но се потсети и на тешките моменти поврзани со болеста и заминувањето на неговиот најдобар пријател и колега.

Принтскрин/ Јутуб
И како што самиот вели, по „Виолина и гитара“ ништо повеќе не беше исто, а што друго открива Коки во емотивниот разговор со водителот Виктор Вукановски, гледајте вечерва, само на Гламур ТВ.
Не се сомневаме дека ве очекува уште една возбудлива епизода, затоа вечерва не пропуштајте ја „Кафе муабети“, на нашиот Јутуб канал.




