Која од која поубава – Погледнете каква фотографија направија нашите фолкерки

Убавите дами на куп во Куманово, едни од најпопуларните и најатрактивни фолк пејачки во Македонија очигледно имале убава забава во Кумано спа.
Судејќи по фотографијата којашто кружи на социјалните мрежи овде имало журка ипол.
Дотеарните дами Даниела, Татјана, Стојне, Анета… во прекрасно издение насмеани направија одлична фотографија која за кратко време привлече големо внимание и бројни лајккови.
Пејачката Тања Јовановска ја сподели фотографијата и напиша дека судбината не ја бираме, но екипата да.
„Во животот, не ја бираш секогаш судбината – но можеш да ја избираш својата екипа. Овие жени се мојата сила, мојата радост и мојата секојдневна инспирација. Со нив се смее, се плаче, се расте и се победува. Ви благодарам што сте секогаш и во сè со мене. 💖
Advertisement
Сите која од која поубава, дотерани во убави фустанчиња и најмодерни комплети со светкави сандали. Како излезени до модно списание се, погледнете ги.
