Наши ѕвезди

Која е згодната Македонка што може да биде новата победничка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

По Славица и Никола, за оваа млада дама веќе се шушка дека може уште еднаш да ја однесе титулата во Македонија.

Advertisement

Оваа млада дама растури на сцената

Шармантната млада дама од Кавадарци растури во „Ѕвездите на Гранд“, па уште сега ја споредуваат со нашите најголеми „Гранд“ ѕвезди како Славица Ангелова, Никола Станишиќ и Мики Секуловски.

Advertisement

Станува збор за Мирјана Митрева која директно се пласираше за следниот круг и тоа со осум гласови од жирито.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Прва за неа гласаше Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и сите останати во студиото беа изненадени од нејзиниот настап.

Посебно што Мирјана се натпреваруваше и претходната сезона, но овој пат се надмина и самата себеси на сцената.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Минатата година имаше солзи, ми беше тешко да се отворам заради тремата и стравот, но Ѓорѓе ми помогна многу“, изјави Мирјана за „Гранд.онлајн“, се уште под импресии од настапот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Спремна сум за победа, се надевам, па затоа и дојдов“, им одговори Мирјана на новинарите на прашањето дали по Никола Станишиќ и Славица Ангелова титулата со неа повторно може да заврши во Македонија.

И како што самата вели, таа досега дала само 20 проценти од себе, но ако земеме во предвид дека буквално растури на сцената, нејзиното време навистина допрва доаѓа и во тоа не се сомневаме.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, покрај Мирјана во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ одлично поминаа и нејзините колеги од Македонија.

Станува збор за Иван Милевски од Велес кој исто така се натпреваруваше и претходната сезона.

Но за разлика од тогаш, Иван овој пат беше брилијантен и заврши во тимот на Цеца, а поприлично впечатлив беше и настапот на Бојан Илиевски. Шармантниот пејач овој пат освои осум гласови, а неговата тажна животна приказна никого не остави рамнодушен.

Имено, Иван од дете живее со неговата баба и нема родители, а како овој пат помина на сцената, потсетете се тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button