Реклама
NEWSВести

Која е убавицата со „лепливи раце“ – затвор за градоначалникот на Тирана, убавата сопруга „на шопинг“ во Рим, во нејзиниот сеф се најдени големи суми пари, „со парите на даночните обврзници купувала облека и накит во вредност од 860 илјади евра“

Според соопштението на СПАК, при извршените проверки во галеријата „Харабел“ што ја води Џоџа  била пронајдена многу голема сума на пари. Се однесува на: 95.350 евра (во банкноти од по 500 евра), 14.900 долари, како и 665.000 леки.

Реклама

Странските и албанските медиуми пишуваат за апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Уапсен е вчера попладне под обвинение за корупција и перење пари.

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by ABC News Albania (@abcnewsal)

Маркетинг

Велиај е градоначалник на главниот град на Албанија од 2015 година и важи за близок до премиерот Еди Рама, лидерот на партијата која ќе бара трет мандат на претстојните мајски избори.

Во написите се наведува и дека и на сопругата на Велиај, Ајола Џоџа е одреден домашен притвор поради истите обвиненија.

Градоначалникот на Тирана е уапсен под обвинение за „корупција и перење пари“. Ова го соопшти Специјалното обвинителство на Албанија за спречување на корупција и организиран криминал.

Убавица со лепливи раце

Специјалното обвинителство на СПАК соопшти дека во канцелариите на галеријата Харабел, со која раководи Ајола Џоџа, сопругата на уапсениот градоначалник на Тирана, Ерион Велиај, биле пронајдени големи суми пари при истражен претрес, пренесува Албаниан пост.

Сето тоа е поврзано со истрагата што се води против самиот Велиај, против Џоџа, но и против други инволвирани лица.

Според соопштението на СПАК, при извршените проверки во галеријата „Харабел“ што ја води Џоџа  била пронајдена многу голема сума на пари.

Се однесува на: 95.350 евра (во банкноти од по 500 евра), 14.900 долари, како и 665.000 леки.

СПАК објави и дека под осигурување на средства се ставени и банкарските сметки на Џоџа кои се на нејзино име или на бизнисите што ги води, со вкупен износ од 869 илјади 149 евра.

Како што претходно објави Албаниан пост, Ајола била надвор од државата, во Рим, наводно поради здравствени причини. Новите информации пак, велат дека се вратила во Тирана.

Специјалното обвинителство на СПАК објави и детали за апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, како и за ставањето во домашен притвор на неговата сопруга Ајола Џоџа, поради тоа што таа направила добро осмислена шема – со парите на даночните обврзници купувала облека и накит во вредност од 860 илјади евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button