Која е убавата Македонка што со песна од Тоше Проески направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Прво се појави во балски фустан, а потоа блесна во минич

Оваа млада дама ги воодушеви сите
Шармантната Мирјана Митрева (22) од Кавадарци беше првата натпреварувачка што ја отвори новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“.
Но таа тогаш имаше голема трема и одвај успеа да помине во следниот круг, а гласови доби само од Цеца Ражнатовиќ и Ѓорѓе Дави.
Но за разлика од нејзиното прво појавување на сцената, Мирјана овој пат растури и покажа дека местото и е во ова шоу.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа дури и се пресоблече на сцената и направи одличен перформанс за што доби шест гласови и директно помина во третиот круг.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа најпрво се појави во долг балски фустан за кој вели дека била инспирирана од песната на Тоше Проески, „Полско цвеќе“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мирјана потоа се пресоблече на сцената, а во тоа и помогна нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, па блесна како светска дива во тесното фустанче што го носеше со црни кожни ракавици и длабоки црни чизми.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како оваа прекрасна млада дама од Македонија ги шармираше сите на сцената со својата генијална изведба, но како изгледаше и во првиот круг, кога исто така блескаше на сцената, потсетете се во продолжение.