Наши ѕвезди

Која е убавата Македонка што направи хаос и за која зборуваат дека е наша нова Гранд ѕвезда?!

Се појави на сцената и го украде шоуто

Advertisement

Има 22 години е од Кавадарци, а се натпреваруваше и претходната сезона кога со еден свој настап направи спектакл на сцената. Нејзиното име е Мирјана Митрева и нејзина најголема љубов во животот е музиката.

Првиот круг од „Ѕвездите на Гранд“ заврши, а во него имаше и неколку генијални кандидати од Македонија.

Една од нив е и Мирјана Митрева од Кавадарци, која со својот последен настап никого не остави рамнодушен во шоуто.

Advertisement

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Станува збор за млада 22 годишна дама од Кавадарци, која освои осум гласови и со својот моќен глас никого не остави рамнодушен.

Таа е родена на 02.02. 2003 година во Кавадарци, а нејзина најголема љубов во животот е музиката уште од најрано детство.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мирјана и претходната сезона се натпреваруваше во популарното шоу, а на нејзиниот настап и генијална изведба на „Полско цвеќе“ од Тоше Проески многумина се сеќаваат и денес.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, Мирјана овој пат во шоуто се претстави со песни од Марија Шерифовиќ и Здравко Чолиќ кои воопшто не беа лесни, но во претходната сезона остана препознатлива по генијалниот сценски перформанс на песната од Проески.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како принцеза од волшебните бајки

Таа тогаш на сцената се појави во раскошен фустан со кристали и широк долен дел со волумен, така што изгледаше како принцеза.

Инстаграм/ Мирјана Митрева

Ова елегантно и софистицирано издание беше вистински погодок за спектакл на сцената, а како што откри Мирјана, била инспирирана од песната на Проески, па сакала и да изгледа како цвеќе.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од балски фустан, во минич и корсет

Но кулминацијата настана кога Мирјана ја соблече раскошната сукња, па откри што носи под неа на сцената.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа тогаш втората песна ја изведе во тесно и максимално кусо издание, со кожни ракавици и чизми над колена, па на крај за својот маестрален перформанс доби шест гласови од жирито.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како изгледаше Мирјана тогаш потсетете се во продолжение, а тука погледнете го и нејзиниот последен настап во шоуто.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button