Која е убавата Македонка што го украде шоуто? Цеца воодушевена, имаме нова Гранд ѕвезда (видео)
Мирјана Митрева од Кавадарци растури во популарното шоу

Оваа млада дама растури во популарното шоу
Мирјана Митрева од Кавадарци со својот сценски настап никого не остави рамнодушен во „Ѕвездите на Гранд“.
Оваа 22 годишна Македонка буквално растури кога се појави на сцената за што беше наградена со максимален број гласови.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа се претстави со песни од Марија Шерифовиќ и Здравко Чолиќ, а првиот глас го доби од Цеца за само 20 секунди.
Инаку, Мирјана и минатата година се натпреваруваше во популарното шоу. Таа тогаш беше во тимот на Ѓорѓе Давид и успеа да стигне до четвртиот круг, а на сцената освојуваше и со својот шарм.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Посебно кога на сцената ќе се појавеше со своите интересни стајлинзи, со кои секогаш привлекуваше внимание.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Впрочем таа беше и овој пат, со впечатливиот фустан што го носеше, а жирито беше и повеќе од воодушевено.
„Ја памтам од минатогодишниот натпревар. Таа е сјаен кандидат, добро пее. Ова за мене беше лесна работа, како што тргна, знаев што да очекувам. Од срце ти ги честитам осумте гласови“, и порача Цеца, а потоа се надоврза Катарина Живковиќ, која прв пат е во улога на жири во популарното музичко шоу.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Мојот впечаток е дека Мирјана растури вечерва. Изгледаш преубаво, а што се однесува до гласот, многу моќен вокал, сама по себе е моќна“.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од друга страна Дара Бубамара која се согласи со коментарите на своите колешки, имаше забелешка за стајлингот.
„Навистина имаш мад**а. Испеа врв. Единствено што не ми се допадна беше твојата гардероба. Не ми оди тоа со твојот глас и тие песни. Требаше да облечеш некоја црн тесен фустан“, порача Дара.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Кеба изјави дека кога би можел би и дал и девет глас, а пофални зборови доби и од поранешниот ментор, Ѓорѓе Давид.
„Ти навистина плачеше, а јас баш ти се изнавикав и тоа беше моментот кога конечно се отвори и кога излезе аждајата од тебе. Среќен сум и горд што го направи тоа, како девојка ги издржа критиките“, изјави гордо рокерот, а и останатите имаа само пофални зборови.
На крај Мирјана го избра токму Ѓорѓе за свој ментор, за што исто така доби громогласен аплауз од сите.
„Човекот кој прв го препозна мојот талент и кој ми даде шанса е Ѓоле и јас него го избирам“, изјави таа.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Настап за кој се уште се зборува
Потсетуваме, Мирјана има 22 години и потекнува од Кавадарци, а со музиката другарува од мали нозе, па сега реши повторно да си ја проба среќата во „Ѕвездите на Гранд“. имено, таа и претходната сезона учествуваше во шоуто и успеа да стигне до четвртиот круг.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа тогаш со песна од Тоше Проески ги воодушеви сите, а моментот кога се пресоблече сред сцена се уште е хит на социјалните мрежи.
Пејачката тогаш нежниот, балски фустан што го носеше додека ја изведуваше „Полско цвеќе“, во еден момент го соблече на сцената и се претвори во провокативна дива, со минич и црни чизми над колена со кои никого не остави рамнодушен.
Како Мирјана изгледаше и тогаш, потсетете се тука >>



