Диети

Која е тајната за долговечноста на Јапонците?

Реклама
Реклама

Неодамна титулата за најстара личност на светот повторно му припадна на жител на Јапонија.

alt 

Која е тајната зад која се крие долговечноста на овој народ?

Маркетинг

Лекарите и нутриционистите веќе со години истакнуваат деака јапонската исхрана е исклучително здрава. И не само тоа, со изборот на намирниците кои отсекогаш ги користат во својата исхрана Јапонците, според мислењето на експертите, предничат во борбата против стареењето. А какви тајни се кријат на јапонската трпеза?

Јајца од потполошка

Маркетинг

Јајцата од потполошка или попозната и како „препелица“, отсекогаш се користеле во јапонската исхрана за подигање на енергијата, поправање на крвната слика и за борба против замор. Посебно се препорачуваат за жените со болен и обилен месечен циклус и личностите кои се рехабилитираат после прележана болест. И самите можете да си го припремите омилениот напиток со јајца од потполошка. Изматите 5 јајца со 2 децилитри врело млеко – најдобро од соја – додајте лажица мед и две три капки екстракт од кардамом.

Зелен „мачо“ чај во прав

Овој чај е како мина „набиена“ со катекиним, антиоксиданс кој што својата единица за мерење на способноста на абсорбирање на слободните радикали, ја подига на 3 200 мерни единици за доза од 2 грама од „мачо“ чај во 1,5 dl. Млеко, најдобро ако е од соја.

alt 

Црн сусам

Благодарение на бакрот, гама токоферол и сезамин, кои што ги има во семките од црн сусам, со нивната консумација се внесува големо количество на природен колаген. Семките од црн сусам се извонредно богат природен извор на овој многу важен елемент за виталноста на организмот! Затоа треба што почесто да се користат како зачин во салатите.

Масло од ориз

Во ова масло за јадење се наоѓаат повеќе од 100 различни антиоксиданси, помеѓу останатите и липоидна киселина, коензим 10 и гама-оризанол, кој што го поттикнува обновувањето и подмладувањето на ќелиите во целиот организам.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button