Наши ѕвезди

Која е девојката од која нашиот победник во „Ѕвездите на Гранд“ не се одвојува – и што се случува со нив?!

Тие се неразделни во последно време...

Advertisement

Па, многумина се прашуваат што се случува со нив…

Никола Станишиќ, победникот во „Ѕвездите на Гранд“, остана во одличен однос со колешките и колегите од шоуто.

Advertisement

Но со една млада и убава дама која исто така беше во финалето Никола е посебно близок, па многумина се прашуваат дали има нешто повеќе помеѓу нив, посебно кога ќе ги видат заедно.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Имено, тие на крајот од летото снимија и спот за кавер, а деновиве „испливаа“ заеднички фотки кои ги подгреаја овие муабети.

Advertisement

Станува збор за фотографии кои настанаа за време на концертот на Драган Којиќ кеба, а на кои тие позираат во поприлично романтично издание, па шпекулациите околу нивниот однос почнаа да се шират и во медиумите, иако никој од нив двајцата се нема огласено во врска со тоа.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Во прашање е финалистката Анѓела Арман, девојката која и претходно ја поврзуваа со победникот во Ѕвездите на Гранд.

И како што пишува „Гранд.онлајн“, тие цела вечер на концертот на Кеба биле еден до друг, а нивните насмевки откриваат дека уживаат во заедничкото друштво, што се забележува и на фотографиите.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тие и на крајот од концертот, кога се појавија со останатите кандидати беа еден до друг, а денес треба да излезе и нивната заедничка кавер песна, на официјалниот канал на продукција Гранд на Јутуб.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Потсетуваме, Никола овој викенд имаше одличен настап со Саша Матиќ во Велес, каде и двајцата приредија вечер за паметење.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Што се однесува пак до неговата врска со Анѓела, за која медиумите и претходно пишуваа, тие наводно романсата ја започнале при крајот на натпреварот, откако пејачот раскинал со девојката.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Но овие информации тие досега ги немаат потврдено, па во една пригода го прашавме Никола дали е вљубен.

Што ни одговори тој, но и што друго ни откри, дознајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button