Покрај музиката таа плени и со својот необичен стил
„Имаш мускули да отвориш вратата и да го покажеш целиот стан, ти си толку силен…“ се стиховите од песната Мускули која на Јутјуб има неверојатни 34 милиони прегледи. Сопственичката на еден од најгледаните хитови на Балканот е Сенидах, 34 годишната Словенка која полека, но сигурно станува голема ѕвезда во сите земји од регионот. Таа настапи на овогодишниот Егзит, а публиката (иако многумина ја сметаат за турбо-фолкерка) ги знаеше сите нејзини хитови од песните Слаѓана, Бело, Мускули.
Сенидах на музичката сцена е присутна веќе десет години. Нејзиното вистинско име е Сенида Хајдарпашиќ, а своето уметничко име го направи со спојување на името и првата буква од презимето.
Пее и во познатиот словенски бенд „Muff“, а своите најголеми хитови ги пее на српски, иако се уште нема намера да се пресели во Белград.
Благодарение на својот необичен музички стил, Сенидах стана многу популарна меѓу тинејџерките на Балканот. На Инстаграм ја следи преку 260 илјада луѓе, а нејзините настапи се полни. За разлика од бројните пејачки од регионот за кои би можеле да кажеме дека имаат слична музика, Сенидах не сака длабоки деколтеа и украси во пеењето, а нејзините најверни обожаватели ја споредуваат со Лејди Гага.