Во разорниот земјотрес што ја погоди Турција загина актерката Емел Атиџи која што играше во серијата „Горка земја“.
Веста пред неколку дена ја потврди продукциската куќа „„Тимс&B“ која што ја снимаше серијата.
Актерката загинала во Адана, а во земјотресот заедно со неа животот го изгуби и нејзината ќерка Ханде Пуријан Атиџи.
Од неа се збогуваа бројни колеги преку социјалните мрежи, а една од нив е и нејзината колешка која глумеше во истата серија, Сибел Ташчиоглу. Таа на својот профил на социјалните мрежи напиша:
„За нашата драга пријателка Емел Атиџи, Господ нека и се смилува. Нека почива на небото“, напиша Сибел.
Универзитетот Бејкоз исто така изрази сочувство за нивната поранешна студентка Пиријан Атиџи и нејзината мајка.
Младата девојка која заедно со нејзината мајка Емел загина во земјотресот дипломирала на отсекот за менаџмент на цивилно воздухопловство во 2014-2015 година.
Инаку, Емел во споменатата серија го играше ликот на пријателката на Шермин, која што ја глумеше Сибел Ташчиоглу. Нејзиното безживотно тело заедно со нејзината ќерка биле пронајдени во рушевините од нивната куќа која што се наоѓала во провинцијата Адана, на југоистокот од земјата, во близина на епицентарот на земјотресот.
Емел во серијата „Горка земја“ играше улога на пријателка на Шермин, и беше претставена како една од најбогатите жени во градот.
Потсетуваме, два разорни земјотреси од 7.7 и 7.8 степени според Рихтер ги погоди јужните делови на Турција со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи се уште работат обидувајќи се да ги пронајдат луѓето заробени од рушевините.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин