Исхраната според хороскопскиот знак можеби не е втемелена на научни докази, но секако е збаавен начин да проверите дали ѕвездите погодуваат какви намирници сакате и колку уживате во нив. Еве што вели за вас вашиот хороскопски знак.
Овен
Наместо солени грицкалки, одберете суви кајсии, затоа што токму тие се вистинското гориво за вашето брзо секојдневие!
Бик
Ако сте родени во овој хороскопски знак, тогаш во вашиот фрижидер секогаш би требало да имате сирење, авокадо, кокосово млеко и мајонез.
Близнаци
Ако сте Близнаци, сигурно преферирате мали сендвичиња, зашто немате многу време за подготовка на храна. Уживајте и во меѓуоброци од овошје и зеленчук, а во вашиот фрижидер секогаш би требало да имате вино.
Рак
На Раковите им треба рамнотежа од здрави масти, протеини и природни шеќери, затоа, во вашата кујна секогаш би требало да имате грав, риба, домати, ориз и житарки.
Лав
Лавовите треба да имаат исхрана која ќе се заснова на салати, домати, но и овошје како што е лубеница.
Девица
Кај Девиците се’ мора да биде под контрола. Тие имаат распоред за исхрана кој обично вклучува ужина и здрави оброци, затоа што сакаат да останат во физичка и психичка форма.
Вага
Вагите сакаат да создаваат уметност од храната, а уживаат во намирници како јаболки, ореви, но и риба.
Скорпија
СКорпиите ценат намирници со богат вкус, како чоколадо, печурки и тиква. Треба да признаеме дека тие знаат да држат рамнотежа.
Стрелец
Стрелците треба да внесуваат повеќе намрници како бело месо, зелен зеленчук и овошје како урми и сливи.
Јарец
Јарците уживаат во својата рутина и може со години да јадат ист ручек. За нив ова не е некој голем проблем.
Водолија
Водолиите се многу прилагодливи, а одлично им одговара зелен зеленчук. Но, кај нив од особено значење е чинијата секогаш да биде шарена.
Риби
Овој хоросопски знак сака храна која изгледа привлечно. За нив е особено важно да јадат што е можно повеќе риби и морски плодови.