Кој од овие тројца Македонци има најголеми шанси да триумфира – за кого ќе гласате вие вечерва?
Кире, Цеки или Миро, прашањето е сега

Броиме ситно до финалето на популарното шоу
Откако вчера беа прекинати „Ѕвездите на Гранд“, заради протестите во Белград, вечерва не очекува уште еден спектакл.
Имено, вечерва е финалето од десеттата сезона на најгледаното музичкото шоу за ветерани на Балканот, „Никогаш не е доцна“.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Во финалето за титулата победник ќе се борат 12 финалисти, а најдобрите меѓу кои и тројца одлични пејачи Македонци, ќе се изберат со помош на СМС пораки, стручното жири и Фејсбук гласови.
Потсетуваме, во финалето оваа година ќе учествуваат Кире Науновски од Свети Николе и Зоран Рудан Цеки од Скопје за кои нашата публика веќе имаше прилика да гласа, во полуфиналната вечер.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тие и двајцата беа ставени на онлајн гласање каде со помош на публиката победија и се пласираа во финалето.
За разлика од нив, Мирослав Тодосовски Миро, кој живее во Словенија, успеа да се кандидира директно во финалето.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
И тој, како и останатите двајца Македонци, важат за фаворити и секој од нив има големи шанси да победи во шоуто.
Тензијата и возбудата веќе расте
Оваа година во судиските столчиња во големото финале ќе седат Алка Вуица, Саша Милошевиќ Маре и Енес Беговиќ, додека бројни ѕвезди ќе се вклучат телефонски и ќе ги оценат настапите на финалистите.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тензијата и возбудата веќе расте, а покрај одлуката на жирито и оваа година ќе има уште двајца победници.
Едниот од нив ќе се избира со помош на СМС гласови, додека другиот со гласовите на гледачите преку Фејсбук.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Кој ќе победи во финалето и дали некој од тројцата Македонци ќе биде избран, останува да видиме вечерва, на телевизија.
И секако, не заборавајте да гласате за вашите фаворити, можеби токму вашиот глас ќе биде пресуден и ќе ја донесе победата.
Па, дали сме подготвени за победа?
Најдобрите настапи на овие наши пејачи погледнете ги на следната страница или КЛИКНЕТЕ ТУКА.