Кој од овие финалисти од тимот на Цеца Ражнатовиќ има најголеми шанси за победа во „Ѕвездите на Гранд“?
Броиме ситно до прогласувањето на победникот

Вечерва конечно ќе дознаеме кој ќе ја освои титулата
По месеци борба и неизвесни дуели, конечно дојде моментот да дознаеме кој ќе го освои првото место во „Ѕвездите на Гранд“.
Вечерва 20 кандидати ќе се борат за титулата, а победникот и овој пат се избира само со помош на вашите СМС гласови.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Оваа година од Македонија има само еден натпреварувач, а тоа е шармантниот Никола Станишиќ кој е во тимот на Цеца
Цеца и оваа година вредно работеше со своите кандидати, а по секој настап на Никола ќе излезеше на сцената и ќе му честиташе.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Покрај Никола, таа оваа годна има уште тројца финалисти во својот тим, сите машки и сите одлични вокали.
Тоа се 29 годишниот Даниел Савиќ, потоа 26 годишниот Дени Рамчевиќ како и Жељко Џукановиќ (28) кој по втор пат се натпреварува.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И на Никола ова не му е прв пат да се натпреварува во шоуто, но досега не бил во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Па дали менторката ќе му донесе среќа како што му носеше и досега, останува да видиме вечерва во големото финале.
Во финалето за победа ќе се борат 20 кандидати, а кој ќе биде победник одлучува публиката со СМС гласови.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Откако минатата сабота финалето беше прекинато, сите гласови ќе им бидат пренесени на кандидатите, но и ќе се додадат новите.
Па, дали сме подготвени за гласање?