Вести

Koj ќе oдбие да служи воен рок ќе си плати 1.300 евра парична казна

Advertisement

Хрватска повторно ја враќа задолжителната воена обука за сите 18-годишни момчиња, а законот ќе стапи на сила веќе од следната година.

Владата ја донела оваа одлука поради растечките геополитички тензии и недостигот на воен кадар, а според новите правила, сите машки државјани по наполнети 18 години ќе мора да поминат тримесечна обука во воени центри низ земјата.

Advertisement

Оние кои ќе одбијат да се јават на повикот ќе се соочат со високи парични казни – и до 1300 евра, а во одредени случаи и со кривични постапки.

Иако државата тврди дека целта е „јакнење на одбранбените способности и патриотската свест“, дел од јавноста остро реагира, сметајќи дека ова е враќање чекор наназад кон стариот воен систем.

Министерството за одбрана објави дека обуката ќе биде насочена кон физичка подготвеност, дисциплина, но и учење на основни тактички и хуманитарни вештини – како прва помош и снаоѓање во кризни ситуации. Девојките нема да бидат обврзани, но ќе можат доброволно да се пријават.

Advertisement

Се очекува првата група регрути да започне со обуката во пролетта 2026 година, со што Хрватска станува првата земја од регионот која повторно воведува задолжителна воена служба по повеќе од една деценија пауза.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button