![](/wp-content/uploads/2020/05/privatni.jpg)
Вашиот хороскопски знак може да ви открие многу за вашата личност. Тој го открива вашиот карактер, па и вашата склоност кон одредени работи. Како и во сето друго, така и во поглед на довербата, сите личности не сме исти.
![](/wp-content/uploads/2020/05/privatni.jpg)
Истражувањето кое го спровеле астролошките експерти вклучувале 2.112 личности кои признале дека во еден момент за време на љубовните врски го провериле телефонот или лаптопот на својот партнер и кои тајни ги крие. Во моментите кога дошле резултатите, прилично очигледно било кои знаци имаат голема тенденција за „душкање во туѓите работи“, односно, по партнеровите приватни работи.
Огнените и водените знакови ги заземале водечките позиции. Без разлика на тоа која била причината за прегледување на телефонот на пратнерот, дури 75% од личностите биле родени во знакот Лав. Експертите навеле дека тоа не е некаква новост и дека тоа не им претставува изненадување, со оглед на тоа дека Лавот е познат по желбата за доминација и по барањето на вистината.
Зад нив биле личностите родени во знакот Рак, со дури 71%, а после нив доаѓале Рибите со 69%. Земајќи предвид дека Рибите и Раковите се водени знакови, експертите навеле дека тие се познати по својата инуиција, па речиси секогаш на крај, за жал, го откриваат она и во што се сомневале…
Последни на листата биле личностите родени во знакот Водолија, со само 11% од оние кои се изјасниле дека имале потреба да претураат по приватните работи на нивниот партнер.