Кој е згодниот Македонец што ја освои на прв поглед Дара Бубамара во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Според популарната пејачка, ова младо момче од Македонија има се за да биде нова голема Гранд ѕвезда

Во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“, младо момче од Куманово успеа да помине во следниот круг.
Станува збор за симпатичниот Филип Александровски кој доби пет гласови поддршка, но и два „паник“ тастери.
Филип со својот шарм успеа од прва да ја освои Дара Бубамара, па таа тоа го сподели со останатите, но и ги насмеа сите.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Помислив колку си преубав, ми се допаѓа твојот стил, и тие тетоважи, но ајде на страна тоа, ми се допадна и твојот глас, изборот на песни, па помислив дека можеш да бидеш голема ѕвезда, тоа е моето мислење“, му порача Дара која сега е во улога на жири.
Покрај Дара, воодушевени беа и Кеба и Цеца кои се согласија дека Филип е целосен пакет и дека треба да помине.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Но нивното мислеше не го делеа Ѓорѓе Давид и Александар Милиќ Мили кои на Филип му дадоа два „паник“ тастери.
Мили се согласи со Дара дека Филип е згоден и пее точно, но потоа објасни дека му изгледал некако срамежливо.
„Даде 25 % од себе и ато не ти дадов глас“, му порача Мили.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Од друга страна сите беа изненадени што Филип не доби поддршка од Ѓорѓе кој е познат дека има „слабост“ кон Македонците, нешто што тој и самиот многу пати јавно го кажувал во емисијата.
Рокерот потоа објасни и зошто е тоа така:
„Сé што ти кажаа стои. Интонациски наштиман, но сведен и срамежлив, ама сцената те сака. Сметем дека треба да поминеш од бараж“, му порача рокерот на шармантното момче од Македонија.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Инаку, Филип е роден 22 јануари 2005 година во Куманово и моментално максимално е посветен на пеењето.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Негови музички идоли се Саша Матиќ и Адил Максутовиќ, чиј стил и емотивни интерпретации ги почитува длабоко.
Тој во емисијата се натпреваруваше со уште 20 млади талентирани пејачи од кои директно во следниот круг поминаа осум кандидати, додека Александровски беше еден од четворицата што добија втора шанса и кои се пласираа во следната фаза од бараж.
Неговиот настап погледнете го во продолжение: