Некои хороскопски знаци уште при најмала болка се загрижуваат и веднаш помислуваат на најлошото. Други пак се опуштени и веруваат дека се отпорни… Пронајдете го вашиот хороскопски знак и во продолжение дознајте како реагирате во ситуација на вируси.
Најмногу се плашат од болести
Девица
Девицата се плаши најмногу. Најчесто ќе ја сретнете во болници и постојано оди на некои прегледи мислејќи дека е болна. Затоа, постојано го чисти домот, често ги мие рацете, се плаши од вируси и бактерии.
Јарец
Јарците не можат да излезат на крај со сопствените стравови, а еден од тие стравови е и стравот од болест. Се’ е добро кога сте здрави – најчесто ќе го слушнете ова од Јарците. Нивните стравови од болести се толку силни, што не можат да се соочат со нив, па избегнуваат болници.
Риби
Рибите се склони кон измислување работи. Имаат бујна имагинација и често го гледаат она што го нема. Така е и со боелстите. Лесно паничат, па во оваа епидемија на коронавирус пронаоѓаат изговор зошто не можат да завршат одредени работи.
Рак
За разлика од претходно споменатите, Раковите не размислуваат за болести се’ додека не се појави некој сериозен здравствен проблем. Е тогаш настанува паника. Знаат дека не смеат да пребаруваат на интернет затоа што така ќе дојдат до информации кои може да ги упатат на најлошото. Стравот од најлошото не им дава мир.
Вага
Вагите не се паничари кога е во прашање здравјето, но здравствените пречки и склоноста кон измислување болести не им помагаат во ништо. Тие сакаат да привлечат внимание и постојано сакаат некој да биде до нив, да им помага… Така, понекогаш обичната кашлица ја претвораат во сериозен бронхит, а температурата во сериозно воспаление на градите.
Можат да излезат на крај со тоа
Бик
Биковите се стабилни и не подлегнуваат на стравот. Не им е сеедно, но нема постојано да зборуваат за болести. Работите ги решаваат сами со себе и посетуваат лекар.
Скорпија
Скорпијата сака да има контрола над себе, над својот живот и над своето здравје. Им верува на лекарите, но не оди се’ додека не мора. Кога се болни, сакаат да бидат под медицинска контрола зашто така се чувствуваат сигурно.
Водолија
Припадниците на овој хороскопски знак понекогаш имаат одредени стравови. Хипохондријата не е невообичаена кај нив, но не се како Девиците. Во нивниот ум се појавуваат некои чудни мисли, како на пример тоа дека главоболката упатува на можност на тумор на мозокот…
Не им е гајле
Стрелец
Стрелците неретко живеат во петта брзина и немаат време да размислуваат за болести. Но, кога ќе бидат болни и кога ќе забават со темпото, ќе се едуцираат за она што ги снашло, зошто се појавува, како да се излечат…
Близнаци
Тие лесно му пристапуваат на своето здравје. Не водат премногу сметка за храната, а вежбаат поради добар изглед. Честопати ја пијат само пропишаната терапија и продолжуваат напред со животот.
Овен
Брзите и енергични Овни веруваат дека се отпорни на бактерии и вируси. Тие го живеат животот со полни гради, па кога високата температура ќе ги врзе за кревет, тешко дека ќе можат да мируваат цел ден.
Лав
Лавовите повеќе стравуваат од губење на љубовта и поддршката од блиските, отколку од болести. Честопати имаат потешкотии со крвниот притисок и срцето, но тоа не го сфаќаат премногу драматичнио.