Кој е најплатен во жирито на „Пинкови ѕвезди“ – ќе се изненадите од тоа што се откри, Брунцлик збесна!
Во историјата на Пинкови ѕвезди најголем хонорар добиваше Шабан Шаулиќ, 5 илјади евра по емисија.

Снимaњата на популарната музичка емисија „Пинкови ѕвезди“ ретко поминуваат без тензии меѓу членовите на жирито, а на последната епизода повторно дојде до жесток судир, и повторно во центарот на вниманието беше Драгомир Деспиќ – Десингерица.
Реперот повторно со своето однесување ја изнервира Зорица Брунцлик, која и претходно неколкупати го напушташе студиото поради неговите прекини и коментари.
Познат по тоа што им влегува во збор на колегите и не дозволува да ги довршат мислите, Десингерица овојпат по настапот на натпреварувачката Лаура Самарџија реши да стане од своето место и да се качи на сцената за да ја прокоментира „од прва рака“. Овој потег веднаш ја разгневи Зорица.
„Јас гласав за тебе, тоа го виде. Ти го поддржав талентот и изборот на песни. Кај првата песна беше отприлика како што треба – секоја ти чест. Мислам дека музиката нема траење и орочено“, почна Зорица, видливо иритирана од ситуацијата.
View this post on Instagram
Додека Зорица се обидуваше да го заврши својот коментар, Десингерица постојано ѝ влегуваше во збор, вметнувајќи споредби со ситуации од Будва, што уште повеќе ја вжешти атмосферата во студиото.
Водителите се обидоа да ја смират расправијата и ја замолија Зорица да продолжи, но таа решително одби.
„Кога ќе отидеш летно време во Будва, ја гледаш реалноста. Јелена Розга ќе отиде еднаш, а јас дваесет пати“, продолжи Десингерица со своите забелешки.
Водителите повторно ја повикаа Зорица да го дообјасни својот став, но таа децидно порача дека Десингерица прво треба да се врати на своето место.
„Кога ќе се врати на место“, кратко додаде таа.
„Морам да го оправдам мојот хонорар, кој можеби е и поголем од вашиот, значи морам да стојам овде“, ѝ возврати Десингерица, дополнително продлабочувајќи го конфликтот.
„Јас завршив“ – луто одбруси Зорица.

Оваа дискусија ги поттикна љубопитните да се запрашаат кој колку зема пари од учеството во жири на Пинкови ѕвезди. Десингерица сега откри дека тој е најмногу платен, а засега се знае дека Драган Стојковиќ Босанац потпишал договор поради кој и премина од Гранд продукција во конкурентната Пинк, во вредност од 60 илјади евра за сезона, односно 1500 евра по емисија. Но очигледно Десингерица зема поголем хонорар од него.
Интересно е што кога го потпишуваше договорот со сопственикот на Пинк, Босанац рече – „Не знам колј е Седингерица, не сум го следел. Не ми е гајле кој ќе седи до мене во жирито, искрено. Тука сум да работам, останатото е помалку важно“.
Во историјата на Пинкови ѕвезди најголем хонорар добиваше Шабан Шаулиќ, 5 илјади евра по емисија.



