Кој е младиот пејач од Ѕвездите на Гранд што загина – имаше само 23 години кога се појави во популарното шоу
Настапуваше во осмата сезона, настрада во сообраќајна несреќа во близина на градот Суботица

Почина младиот пејач Предраг Пеџа Бошњак (34)
Предраг кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, роден е во Мостар, а загина во несреќа по пад од мотор.
Оваа тажна вест ги потресе пријателите на Пеџа, но и неговите бројни фанови кои се збогуваат од него преку социјалните мрежи.
Трагедијата се случила вчера околу 16.35 откако Бошњак изгубил контрола над моторот и слетал од патот.
Тој со тешки повреди бил префрлен во болницата во Суботица каде и покрај големите напори на докторите им подлегнал на повредите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што пишуваат медиумите, од патот слетал заради неприлагодена брзина со која го возел моторот.
Инстаграм
На неговите профили на социјалните мрежи фановите се збогуваат од него и со тажни и емотивни пораки изразуваат сочувство до семејството.
По страшната несреќа на социјалните мрежи се огласи и неговата мајка, а повеќе за ова, прочитајте тука…
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Кој беше Предраг?
Предраг беше дел од осмата сезона во „Ѕвездите на Гранд“ кога ги освои сите со својата харизма и музички талент.
Во супер-финалето го освои осмото место, а по натпреварот од „Гранд“ доби и песна која може да ја слушнете во продолжение.
По учеството во популарното шоу многу врати му беа отворени во светот на музиката, па тој продолжи да ја гради својата кариера.
Настапуваше ширум Србија, но и во странство, пред три години својата песна ја промовираше во „Никогаш не е доцна“.