Реклама
Кафе муабет

Ако НЕ прочитате, нема да знаете кој бил вистинскиот Свети Валентин

Реклама

Свети Валентин бил римски свештеник во време кога тогашниот император ја забранувал и прогонувал црквата.

Маркетинг

Исто така, издал и наредба со која се забранува брак на младите луѓе што било врз основа на хипотезата дека неоженетите војници се борат подобро отколку оние во брак, затоа што оженетите војници може да се плашат од она што може да им се случи ним или на нивните жени и семејства доколку бидат убиени.“

Идејата за охрабрување да се женат во рамките на христијанската црква е она за што се залагал Валентин. И затоа ги венчавал војниците, но поради указот на императорот дека не смеат да се женат, Валентин обредот го изведувал во тајност.

Поради таа негова постапка, Валентин на крајот бил фатен, затворен и мачен затоа што склучувал бракови против наредбата на императорот. Постојат легенди за активностите на Валентин во корист на љубовта и вљубените дури и кога бил в затвор.

Маркетинг

„Еден од оние кои требало да му судат во согласност со римското право од тоа време бил и човекот по име Астериј, чија ќерка била слепа. Изгледа дека Валентин толку многу се молел за младата девојка така што ја исцелил. Овој неверојатен подвиг довел и самиот Астериј да стане хирстијанин.

Свети Валентид добива бројалка од Девица

Во 269 година од нашата ера, Валентин бил осуден на тепање, каменување и, конечно, обезглавување (на 14 февруари), а сето тоа поради тоа што застанал во одбрана на христијанскиот брак. Според легендата, последните зборови што ги напишал биле на парче хартија упатени до ќерката на Астериус „Од твојот Валентин“.

На тој начин, тој ги инспирирал и денешниве романтични љубовни долги писма, ох, грешка, денешниве смс-пораки и пораките на фејсбук,твитер, инстраграм…

Сега, зарем не ви се чини дека Свети Валентин, кој живеел пред 17 века, бил предвесник на мотото од ’60-ите – „водете љубов, а не војна“ ?!

Како и да е, среќен св. Валентин на сите вљубени – сегашните и оние што допрва тоа ќе бидат!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button