Славниот модел од 80-те, згодната Кристи Бринкли наполни 60 години,а има тело на кое можат да му завидуваат многу млади девојки.
Таа дефинитивно е доказ дека некои жени од година во година стануваат се поубави, па така денес на Кристи никој не би и дал 60 години. Сигурно се прашувате во што е тајната на нејзината совршена убавина?
Таа во последните две децении од животот е вегетаријанка и постојано е активна, па сега изгледа прекрасно и многу колешки и завидуваат на изгледот. „Па таа изгледа феноменално. Нејзините нозе се како на 30-годишна девојка, а лицето и е како на ангел. Таа едноставно е неверојатно убава“, изјави за неа уредникот на Sports Illustrated, магазинот чии насловни страни Кристи редовно ги краси веќе неколку децении.
По четири разводи, вклучувајќи ја тука и бурната разделба со архитектот Питер Кук во 2008 година, Кристи е мајка на три деца и вели дека токму тие се рецепт за нејзиниот младешки изглед, секако, заедно со здравата храна и вежбањето.
„Вегетаријанството го практикувам од мојата 12 година“, вели таа и додава дека за појадок најчесто јаде овесни снегулки, за ручек голема порција грашок и јаткасти плодови, а за вечера тестанини со зеленчук. На нејзиното мени се наоѓа и темно чоколадо, семки, соја и јаболки со путер од кикирики.
Многумина не можат да се начудат на нејзиниот совршен изглед, особено откако за 60 роденден се појави на насловната страна на магазинот People, и тоа во костим за капење. Таа никогаш нема направено пластична операција, а единствено во 2010 година направила фејслифтинг. Во врска со насловната на People, Кристи призна дека е возбудена што ќе наполни 60 години и дека се чувствува како да е на самиот врв.
Инаку, нејзиното заносно тело е резултат на долгогодишно вежбање кое е комбинација од јога, вежби за сила, трчање и одење. Таа секое утро, откако ќе направи неколку вежби, прави и стотина склекови. Но, тоа очигледно не е проблем за неа, а резултатот е и повеќе од очигледен!