Кој беше Мирко што пријателите го пронајдоа мртов во хотелската соба – пееше и рок и народни песни
Тажна вест го потресе регионот

По настапот во Швајцарија, почина хрватскиот пејач
Како што објави „Феникс магазин“, Мирко Перковиќ-Поки починал по неговиот настап во Цирих, на 29 ноември.
Во моментов се уште не се познати причините за неговата смрт, но медиумите пренесуваат дека бил пронајден во хотелската соба, околу 11 часот наутро, во неделата, каде заминал по неговиот настап.

Камо што пренесуваат странските медиуми, тој и во текот на вечерта се чувствувал лошо, но не сакал да замине во болница.
Заради тоа и концертот бил прекинат, по што тој си заминал во својата соба каде утредента е пронајдено неговото тело.

Кој беше Мирко Перковиќ-Поки?
Мирко беше познат хрватски музичар кој другаруваше со музиката од детството, а свиреше клавир и хармоника.
Во текот на својата кариера има снимен неколку албуми, а настапуваше и во странство, каде живее дијаспората.

Пеел далматински песни, но и поп, рок и народна музика.
Потсетуваме, младиот пејач беше пронајден во хотелската соба во Цирих, во екот на вчерашниот ден, околу 11 часот.
Како што објави хрватскиот Феникс магазин, на Перковиќ му се слошило вечерта на 29 ноември, заради што и порано го прекинал концертот. Неговите пријатели сакале да го однесат во болница, но тој ги одбил и заминал во хотелската соба за да се одмори.
Наводно им порачал дека му е потребен одмор бидејќи дихидрирал, но за жал подоцна во хотелската соба беше пронајден мртов.



