Кој беше Мартин Буцо, член на групата ДНК кој загина во пожарот – ова видео со Андреј сите ги растажува
Вечна му слава...

Мартин беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија, кој често настапуваше на сцена со групата ДНК. Неговите пријатели, колеги и обожаватели со неверување ја примија веста за неговата смрт, а многумина од нив споделуваат снимки со него, но и со останатите членови од ДНК чии животи згаснаа прерано во несреќата што се случи во Кочани…
Помеѓу загинатите во клубот „Пулс“ во Кочани беше и младиот битбоксер Мартин Атанасовски, попознат како Мартин Буцо.
Мартин беше еден од омилените членови во бендот и беше близок со сите, а чсто споделу8ваш и фотографии на социјалните мрежи.
На една од овие негови објави се уште стои пораката кога Мартин откри дека ослабнал неверојатни 51 килограми, а оваа негова објава тогаш заврши и во медиумите, инспирирајќи многумина со својата приказна.
Принтскрин/ Инстаграм
И како што и самиот напиша тогаш, со промена на лошите навики успеал од 150 килограми да стигне до двоцифрен број.
Еве што напиша тогаш Мартин на Инстаграм:
„Здраво луѓе, уште сум во шок од самиот себе , ќе бидам искрен и краток. Последен пат кога вагата ми покажуваше две цифри беше пред 12 години кога бев 6то одделение. Од тогаш навака, цели 13 години сум ТРИ цифри и стасав до 150 кила се до денес кога гордо можам да кажам за себе дека со истрајност и посветеност го направив за мене навидум невозможно и со промена на лошите навики ( лоша исхрана, не доволна физичка активност ) повторно сум на две цифри 99кг. и 3 конфекциски броја подоле. 😬 Среќен сум и затоа денес прославувам со една здрава торта од @vegafreshbar“, напиша тогаш Мартин на Инстаграм, па ги додаде и следниве неколку зборови:
Принтскрин/ Инстаграм
„Кога јас можев да симнам 51кг можете и сите вие, не сакам да ве слушнам со никакви оправдувања. Ве гушкам и посакувам се најубаво на сите, а следна торта кога ќе дојдам на 80кг“ пишува под овие негови фотографии на социјалните мрежи со кои Мартин тогаш инспирираше многумина.
Еве како да помогнете по трагедијата во Кочани
Потсетуваме, по страшната несреќа Црвен крст и Владата на Македонија отворија заедничка сметка за донации, а тоа го направија и неколку граѓани од Кочани преку страницата „SupportKocani“.
На оваа интернет страна може директно да се донира на сметките на членовите на семејствата на повредените лица кои моментално се наоѓаат на лекување во Македонија или во некоја од болниците во странство (за повеќе информации кликнете тука).
Принтскрин/ Инстаграм
Како што велат лицата што стојат зад овој проект, нивната цел е преку директно донирање на сметките на семејствата на загинатите и повредените лица да им се обезбеди дополнителна финансиска помош во овие тешки моменти за нив.
Повеќе информации побарајте директно на SupportKocani.
Сметки за донации преку Црвен крст:
Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број:
4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком, А1 Македонија, МТЕЛ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228