„Кој Балканец ќе стане во недела сабајле рано за во музеј“: Ина се пошегува за сомнежите дека Балканци го ограбиле Лувр

По информациите дека се уапсени двајца Французи за грабежот во Лувр, познатата инфлуенсерка Ина Многуфина се огласи во врска со сомнежите дека е повторно е некоја балканска група на криминалци, како и за еден од стереотипите за просечните Балканци.
„Ете уапсиле двајца Французи за пљачката во Лувр, а цело време се сомневаа на некоја балканска група лопови. Кој Балканец ќе стане во недела сабајле рано рано за во музеј, глупости“, напиша Ина во нејзианта објава на Фејсбук.
Двајца осомничени кои беа уапсени минатиот викенд за учество во грабежот на вредни предмети од парискиот музеј Лувр, потекнуваат од Обервилие, во парискиот регион, пренесуваат француските медиуми.
Осомничените, на возраст од околу 30 години, биле уапсени во саботата и се наоѓаат во притвор, кој ќе трае до 96 часа, а од претходно ѝ се познати на полицијата, пренесува БФМ ТВ.
Еден од осомничените бил уапсен во саботата вечерта на аеродромот „Роаси-Шарл де Гол“ додека се обидувал да се качи на лет за Алжир, додека вториот бил уапсен во Обервилие. Двајцата биле под истрага во изминатите неколку дена.




