Витамини кои се клучни во лекувањето на заболените од коронавирусот – пациентите брзо оздравуваат, а никој не знае зошто …
Еве што вели науката …
Витамините Ц и Д од неодамна се користат за лекување на новиот вирус корона, тврди д-р Џозеф Меркол.
Кога комплетот за прва помош е празен и лекарите имаат ограничен избор, одеднаш она базичното повторно станува вистинската опција.
Третман со витамин Ц за инфекција со корона вирус
На критичните пациенти кои се заразени со корона вирус во најголемиот болнички систем во државата Њујорк им даваат многу високи дози на витамин Ц.
Американскиот д-р Ендру Вебер, пулмонолог и специјалист за интензивна нега во болницата, на своите пациенти во одделот за интензивна нега со корона вирус им дава 1.500 мг витамин Ц, интравенозно.
Идентични количини на овој моќен антиоксиданс повторно се даваат, три или четири пати на ден, вели д-р Вебер. Шемата за третман е заснована на експерименталниот третман на луѓето во Шангај, Кина.
„Пациентите кои примале витамин Ц се чувствувале значително подобро од оние кои не примале витамин Ц“ – вели д-р Вебер, додавајќи дека нивото на витамин Ц кај пациенти со коронарен вирус остро се спушта кога нивното тело прекумерно реагира на инфекцијата.
Според Вебер, витаминот Ц се користи во комбинација со антималарискиот лек хидроксихлорокин и антибиотик, кои исто така покажале многу добри резултати во третманот на корона вируси.
Според д-р Роналд Ханингеке, светски познат експерт за витамин Ц, кој лично контролирал десетици илјади дози на овој витамин, сугерира дека медицината толку споро ја сфаќа важноста на витамините, бидејќи тие ги гледаат како едноставни витамини, иако на пример витаминот Ц всушност е моќен антиоксиданс кој може многу да помогне во неутрализирање на патогените микроорганизми кога се зема во големи дози.
Во интервјуто со д-р Андреј Саул, главен уредник на информативниот сервис за Ортомолекуларна медицина, 17 март 2020 година, се споменува разговор со доктор од Јужна Кореја, кој инјектира 100 000 IU витамин Д и 24,000 мг (24 г) Ц интравенозно на пациенти и медицинскиот персонал.
„Тој вели дека овие луѓе се оздравуваат за неколку дена“, вели Саул.
Како што објаснува Саул, Витаминот Ц во екстремно високи дози делува како антивирусен лек, ефикасно убивајќи ги вирусите. И покрај фактот дека има дејство против воспаленијата што помага да се спречи масивната каскада на цитокини поврзана со тешка инфекција со КОВИД-19, неговата антивирусна способност најверојатно повеќе е поврзана со фактот дека е одлична алатка за отстранување на слободните радикали.
Витаминот Ц ефикасно ја третира сепсата
Иако протоколот со витамин Ц е нов за КОВИД-19, тој се користи како третман за лечење од сепса од 2017 година. Протоколот за сепса базиран на витамин Ц го разви д-р Пол Марик, специјалист за итни случаи во болницата Источна Вирџинија кој го усвои како стандард на лекување.
Важно е да се напомене дека третманот нема никакви несакани ефекти, и се покажа дека во 2009 година, витаминот Ц бил спасоносен лек против свинскиот грип, па затоа е јасно зошто кинеските и американските лекари се надеваат дека ќе помогне и во борбата против новиот корона вирус.
Важноста на витаминот Ц за време на пандемијата на САРС
Во 2003 година, за време на пандемијата на САРС, фински истражувач повика на истражување за употреба на витаминот Ц, откако научниците покажаа дека го намалува времетраењето и сериозноста на настинките кај луѓето и значително ја намали чувствителноста на пневмонија.
Во писмото објавено во списанието „Антимикробна хемотерапија“, д-р Хари Хемилија го напиша следново:
„Неодамна е идентификуван нов вирус корона како причина за сериозен акутен респираторен синдром (САРС). Во отсуство на посебен третман, треба да се земе предвид можноста витаминот Ц да има неспецифично дејство врз некои вирусни инфекции на респираторниот тракт. Постојат бројни извештаи дека витаминот Ц може да влијае на имуниот систем, на пример, функцијата на фагоцитите, трансформацијата на Т-лимфоцитите и производството на интерферон. Особено, витамин Ц ја зголемува отпорноста на трахеалните култури на инфекција од птичји корона вирус“.
И витаминот Д помага
Неверојатна претпоставка на шефот на Американскиот центар за контрола на болести и превенција за витаминот Д.
Витаминот Д е уште една моќна компонента во превенцијата и третманот на грипот. Иако се чини дека витаминот Д нема директен ефект врз самиот вирус, тој го зајакнува имунолошкиот систем, дозволувајќи му на домаќинот поефикасно да се бори против вирусот.
Исто така ги потиснува воспалителните процеси. Ако се земаат заедно, тоа може да го направи витаминот Д корисен и против КОВИД-19.
„Моето тврдење дека витаминот Д може да го намали ризикот од инфекција беше јавно потврдено на 24 март 2020 година, кога поранешниот шеф на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, д-р Том Фридрен, објави статија за „Фокс њуз“ во која се вели дека „ризикот од инфекции од корона вирусите може да се намали со витамин Д“.
Во овој текст, Фриден пишува:
„Постојат многу извештаи за чудесно оздравување на пациенти, па затоа и науката ја поддржува можноста, иако не е доказ, дека витаминот Д може да го зајакне имуниот систем, особено кај луѓето со ниско ниво на овој витамин – наведува овој светски познат доктор.
Нема докази …
Дополнувањето со витамин Д го намалува ризикот од респираторна инфекција, го регулира производството на цитокини и може да го ограничи ризикот од други вируси, како што е на пример грипот.
Респираторната инфекција може да доведе до цитоклинска бура во организмот – злобен циклус во кој нашите воспалени клетки ги оштетуваат органите по целото тело, со што се зголемува смртноста кај луѓето од КОВИД-19. Соодветното ниво на витамин Д може потенцијално да обезбеди одредена заштита кај ранливите популации.
Во моментов не знаеме дали недостаток на витамин Д игра некаква улога во тежината на болеста КОВИД-19. Но, со оглед на високата застапеност на недостаток на витамин Д во оваа земја, потполно безбедно е да се препорача луѓето да добиваат соодветна дневна доза на витамин Д.
Повеќето луѓе произведуваат витамин Д во кожата кога се изложени на сонцето. Околу 15 минути директна сончева светлина на ден е доволно за многумина да произведат соодветна количина на витамин Д.
Препораки за витамин Ц и Д
Врз основа на достапните научни докази, нема причина да се игнорираат витамините Ц и Д заради превенција од КОВИД-19 како и од други респираторни инфекции. Ако тие не ви помогнат со вирусот корона, тоа нема да ве повреди, но сигурно ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ви помогне полесно да се справите со болеста.