Реклама
Хороскоп

Кои се најдобрите жени за брак според хороскопските знаци

Реклама

ЈАРЕЦ

Пред жената-Јарец секој би паднал на колена, па зошто не и вие? Силна како црната земја, таа ќе поднесе сè, а додека вложува надчовечки напори да го направи она што го замислила, нема да забележите ниту капка пот на нејзино чело. Она што на секој просечен човек би му го скршило ‘рбетот, оваа дама ќе ви го изнесе така ненаметливо и достоинствено, што ќе се запрашате дали воопште сте ù достоен? Ако заклучите дека сте, бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори постојано и топло кога сите други ќе згаснат. Таа не живее во фантазии, туку цврсто на земјата и добро знае што од кого може да очекува. Ако сте успеале да привлечете таква жена, а се прашувате како ви успеало тоа, знајте дека таа можеби ве гледа во подобро светло отколку што се гледате вие самите. Таа знае колкав сте човек и колку вредите. Ќе даде сè од себе од вас да го извлече најдоброто. Како мајка ќе биде строга, но праведна. Таа одгледува победници и владетели. Сè што бара од вас е да покажете карактер и упорност, а таа со задоволство ќе ви покаже како – со својот личен пример.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button