Реклама
Модни совети

Еве како се носат најбараните фармерки за оваа сезона

Реклама

Џесика Алба е успешна деловна жена и мајка на две девојчиња, но и жена која е моден идол на многу жени и девојки.

Ѕвездата од „Sin City“ со неподнослива леснотија комбинира облека и создава нови модни стилови, а неодамна на сјаен начин ги фураше двата најтренди модели на фармерки што ќе владеат во наредната сезона.

Маркетинг
boyfriend VS skinny »

Како што им е познато на модните зависнички, во тренд се „skinny“ фармерки со висок струк, како и „boyfriend“ модели со кратки или свиткани ногавици. Skinny моделите веќе некое време не излегуваат од нашите плакари, што не е ни чудно бидејќи правилно ги нагласуваат облините, многу лесно се комбинираат и во нив девојките изгледаат уште позгодно и посекси.

Маркетинг

Тоа многу добро го знае и Џесика Алба, па skinny фармерките многу често се нејзиниот моден избор кога станува збор за street style комбинации. Па доколку не знаете како да носите skinny фармерки со висок струк, како и оние кои се со рамни ногавици, т.е. со boyfriend крој, погледнете како тоа го прави Џеси.

Boyfriend

Skinny

Boyfriend

Skinny

Boyfriend

Skinny

Boyfriend

Skinny

Инаку, Џесика во едно интервју откри дека нејзината беспрекорна линија не е падната од небото, туку е долгогодишен резултат од вежбање и здрава исхрана. „Не јадам многу преработена храна, а никогаш не јадам брза храна и ништо што има многу шеќер.  Најмногу се држам до свежа и органска храна која се состои од многу овошје и зеленчук, “ вели Алба.

Доколку сакате да ги видите цените на најубавите „skinny“ и „boyfriend“ модели за оваа сезона од продавниците од кои најчесто купуваме, кликнете тука или отворете ја галеријата.

отвори галерија »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button