Постојат многу кројки на фустани, но само некои од нив се апсолутно задолжителни за дамите кои ја сакаат и следат модата.
Тука не станува збор за фустани кои „траат“ само една сезона, туку за класични модели кои веќе подолго време се во тренд и за кои навистина вреди да се инвестира. Фустаните одлично одговараат на секоја жена и тие се моден избор кога еднсотавно не знаете што да облечете. Во таквите моменти тие секогаш помагаат – облекувате некој од овие модели и во само неколку минути подготвенa сте за било какво случување. А зарем има нешто покорисно од тоа?
Токму и затоа доколку имате само два-три модели во вашите шкафчиња, ве советуваме да излезете во шопинг и да ги набавите сите овие модели кои подоцна ќе ви се најдат во најразлични пригоди.
МАЛИОТ ЦРН ФУСТАН
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Овие фустани дефинитивно се нешто што секоја дама треба да го има во своето орманче и кои можат да ви го спасат животот во многу ситуации. Бојата одговара на секој облик на телото и секогаш стои прекрасно, а доколку го комбинирате со бисер и црвен кармин ќе добиете супер женствена и сензуална комбинација.
МАЛИОТ БЕЛ ФУСТАН
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Исто како и малиот црн фустан, и овие фустани се апсоултен must-have за секоја девојка. Особено за новата есенска езона, кога белата боја ќе биде еден од најголемите трендови. Па зошто да не го искористите моментот и да заблескате во првата прилика што ќе ви се укаже…
ЕЛЕГАНТЕН ВЕЧЕРЕН ФУСТАН
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Долгиот фустан за којшто мислевте дека нема никогаш да ви затреба, е еден од оние модели кои исто така морате да ги имате во вашиот шкаф. Тие се одлични за свечени пригоди, особено доколку ве поканат на свадба.
ФУСТАН НА ПРЕКЛОПУВАЊЕ
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Овие фустани во 1972 година ги лансираше Diane von Furstenberg и таа со нив доживеа блескав успех на модната сцена. Тие се одлични фустани кои можете да ги носите на работа, но и за посвечени пригоди. Доколку ги комбинирате убаво, тие се идеални и за кафе и за прошетка низ градот, а сето ова ги прави да бидат само уште еден од оние фустани што се задолжителни за во женкските орманчиња.
ТАНТЕЛА
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Веќе неколку сезони фустаните со тантела се „must-have“, па доколку се уште немате еден ваков примерок во вашиот шкаф, можеби е крајно време да го набавите. Тие повторно се во мода и сигурно ќе останат уште некое време. Во нив девојките изгледаат женствено, секси и сензуално, а можете да го носите кога сакате да бидете забележани и да оставите добар впечаток.
ФУСТАН КАКО МАШKА KОШУЛА
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=6 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Станува збор за едноставни фустани кои се совршени за кежуал пригоди. Тие во горниот дел изгледаат како машка кошула, но тоа на девојките им дава дополнителен сексапил кој НЕ изгледа вулгарно и нападно.
Можат да се носат со тенки ремени со кои ќе ја нагласите вашата половина и фигура, а добредојдени се и најразлични модни додатоци – од големи чанти и еспадрили, па се до преубави и секси сандали со платформа.
ЦВЕТЕН ПРИНТ
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=7 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Иако ови фустани првенствено се наменети за пролетните и летните месеци, нивната романтика жените можат да ја искористат во било кој период од годината. Не е важно дали се долги, кратки, тесни или широки, важно е да се украсени со цвеќиња и да бидат „must-have“ во списокот на секоја претставничка на понежниот пол.
МАКСИ
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/11574-koi-se-must-have-fustani-za-sekoja-zena?slika=8 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Овие фустани се во тренд веќе неколку сезони и во нив секоја девојка изгледа како божица. Тие можат да се комбинират со сите модни додатоци, па така многу лесно можете да го добиете сите стилови – од опуштениот „бохо“ стил, па се до елегантен и класичен стил со кој ќе ги освоите погледите дури и на оние што понекогаш изгледаат незаинтересирано… :)
Врати се горе »