Според најновите истражувања само некои состојки во антицелолитните креми навистина помагаат, а тоа се: аминофилин, centella asiatica (gotu kola) и ретинол.
Ретинолот е дериват на витаминот А и најповеќе се користи во кремите против брчки. Ретинолот ги убрзува и обновува станиците кои го создаваат колеганот, состојката одговорна за чување на маснотиите на место. Со тоа тој не им допушта тие да сраснат во кожата и да станат целулит.
{simplepopup}
{/simplepopup}
Билката Centella Asiatica пак, позната и како Готу Кола, делува од внатре на самиот целулит така што придонесува за создавање на нови залихи колеган. Аминфилинот пак, во некои истражувања се покажал како идеален за намалување на маснотиите во колковите. Според упатените, кремите составени од аминофилин треба да се комбинираат со вежбање и да се потрошат што побрзо. Треба да се нанесуваат на телото мачкајќи се неќно, со кружни покрети во спротивна насока од сказалките на часовникот.
Покрај овие три сотојки, еве уште три совета кои што ќе ви помогнат во уништувањето на вашиот целулит.
Кофеин
Кофеинот е исто така еден од главните состојки на антиелулитните креми и тој помага за отпуштање на мансите наслаги како и аминофилинот. Тој исто така го намалува количеството на вода во кожата, т.е. на тој начин ја тонира и зацврствува. Доволно е едно кафенце дневно (не повеќе!), без разлика која крема ја користите!
Бршлен и ментол
Бршленот во кремите го намалува количеството на вода во кожата, па така вашите колкови се затегнати и потенки. Но треба да се внимава при користење на овие креми, бидејќи вие можеби сте алергични на ова растение. Затоа најпрво треба да испробате неколку дена само да нанесувате на еден дел од вашата кожа и да видите како ќе реагира таа. Ако не се појави алергија, тогаш кремата можетеда ја користите.
Мачкајте се со креми ноќно време
Доколку имате креми кои се нанесуваат само еднаш дневно, тогаш најдобро е тоа да го направите ноќе кога кожата пропушта многу повеќе. Доколку вашата крема пак е составена од ретинол, тогаш вие мора да ја ставате ноќе, бидејќи светлоста го уништува ретинолот.