Реклама
Нега и здравје

Кои луѓе имаат поголеми шанси да заболат од рак

Реклама

Со новата табела на фактори кои го зголемуваат ризикот од рак се прави обид да се разбијат предрасудите засновани на некои вкоренети митови за причините поради кои се добива рак.

Кафето и силиконите се ослободени од вината. Мобилните телефони исто така, но само делумно!

Маркетинг

Според проценката на ризикот од рак потврдено е дека пушењето, алкохолот и сончањето се водечки ризични фактори, но се отфрла стравот дека ракот може да се добие и поради кафето, мобилните телефони, дезодорансите, имплантите за гради или водата збогатена со флуор.

Според системот на професорот Бернард Стујард од Универзитетот на Нов Јужен Велс ризиците за рак се распоредени во табела со пет скалила – од оние за кои е докажано дека причинуваат рак или за кои постои голема веројатност дека го причинуваат, па се до оние кои се уште се недоволно испитани, за кои не е утврдено или постои слаба веројатност дека можат да причинат рак.

Маркетинг

„Нашата табела треба да помогне да се утврди дали нивото на ризик е високо, на пример какво  што е кај пушењето, или безначајно каква што е кај употребата на дезодоранси, засладувачи или кафе.“

Според Стујард, на најголем ризик од рак се изложени пушачите, а нешто помалку и бившите пушачи. И алкохолот е фактор на висок ризик, особено за пушачите, но Стујард не издвојува ниту еден одреден вид алкохол.

Можноста хлорираната вода и користењето мобилен телефон да бидат причини за појавата на рак е многу мала, а ризикот поврзан со долготрајната употреба на мобилниот телефон не е докажан. Многу мала веројатност како причинители за рак имаат и кафето, дезодорансите, водата збогатена со флуор, импланти за гради и пломби за заби.

Истражувањето на Стујард е објавено во неколку поважни списанија меѓу кои и во Mutation Research Reviews по повод светскиот ден на борбата против ракот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button