Знаете да го контролирате стресот или секогаш реагирате експлозивно?
Како влијаат стресните ситуации на вас? Ако ѝ верувате на астрологијата, погледнете ги одговорите во продолжение.
Овен
Вие лесно губите контрола кога сте соочени со стресна ситуација, па затоа, добро е да почнете да учите да го контролирате бесот. Со помош на техника на релаксирање мора да научите да го опуштите своето тело.
Бик
Во глобала вие сте смирена личност која секогаш знае да совлада се’, но понекогаш ви се случува да излезете од колосек. Во тие моменти вашата експлозија може да се мери со нуклеарна бомба.
Близнаци
Вие имате многу енергија која понекогаш се претвора во напнатост. Бидејќи постојано сте во потрага по нови предизвици и скуства, која доаѓате во состојба на стрес, склони сте да го кажете она што не би требало.
Рак
Со оглед на тоа дека сте премногу чувствителни, вие лесно доаѓате во ситуација да сте под стрес. Кога сте вознемирени, вие сте во состојба со сета своја сила да удирате на причината за вашиот бес.
Лав
Најчеста причина поради која се чувствувате под притисок е кога некој ќе се обиде да ве засени. Бидејќи сте окупирани со својата гордост и достоинство, навикнати сте да го контролирате својот темперамент, особено ако вашата експлозија ве прикажува во негативно светло.
Девица
Иако делувате релативно опуштено, и вие знаете да бидете претерано вознемирени, особено околу некои детали. Доколку фрустрацијата трае претерано долго, ефектот на вашето здравје може да биде многу сериозен.
Вага
Вие сте многу чувствителни на напнати ситуации, особено ако тие се придизвикани од личните односи. Вашиот симбол е вага, но можно е да излезете од рамнотежата ако дојдете до кавга со оние за кои ви е грижа.
Скорпија
Вашите емоции се силни и длабоки, па и во секојдневниот живот пронаоѓате причини за стрес. Со оглед на тоа дека сте таинствени и дека секогаш сакате да имате контрола, вие во себе акумулирате многу напнатост за која никој не е свесен.
Стрелец
Вашиот оптимизам прави поретко од другите да сте изложени на стрес. Знаете да се смеете на своите грешки, еднакво слатко како и на туѓите.
Јарец
Вие претставувате екстремен случај на самоконтрола и ориентираност кон поставената цел. За да оставите добар впечаток, вие имате научано својот темперамент да го одржувате доволно добро, особено ако сметате дека лутината во некоја ситуација ќе ве прикаже во негативно светло.
Водолија
Вие прилично добро го контролирате својот карактер, но и своите емоции. Иако сакате промени, вашите погледи се стабилни. Но, понекогаш ви пречи и ве лути очигледната навреда.
Риби
Вие сте во состојба со текот на времето да насоберете многу напнатост во себе, а тоа може да ви го уништи емоционалното здравје и да го загрози вашиот мир. За ваше добро, дозволете си понекогаш да се опуштите.