Скорпиите се страствени љубовници и лојални пријатели. Тие секогаш се во потрага по вистината, но не простуваат лесно. Кога станува збор за љубовта, еве со кои хороскопски знаци најмногу си одговара Скопијата.
Скорпија и Бик
Се прашувате зошто е оваа комбинација? Па, најверојатно затоа што спротивностите се привлекуваат! Додека Скорпијата е воден, Бикот е земјен знак. И двајцата се сериозни кога станува збор за врски, а ако се пронајдат нема никогаш да се откажат од нивната љубов. Сепак љубовта на Скорпијата е направена од длабоки емоции кои како да се од друг свет. Спротивно на тоа, Бикот е концентриран на опипливите, физички нешта.
Скорпија и Рак
Во овој љубовен пар бајката станува прекрасна реалност. Ракот знае да дава утеха, Скорпијата сака да се соочува со нештата. Тие се неверојатно слатки, но и смртоносни.
Скорпија и Риби
Е овде станува збор за љубов од соништата! И двата знака сакаат нешто повеќе од животот. Всушност, тие се со една нога во реалноста, а со другата во светот на фантазијата. Овој пар може да избега на некое мистично место и никогаш да не се врати.